вторник, 23. јули 2019. Вести денес: 8
home Вести

„Дојде живот“: Почнува издавањето на новите таблички со ознаката NMK

„Дојде живот“: Почнува издавањето на новите таблички со ознаката NMK

Од понеделник се очекува да започне издавањето на новите регистарски таблички за возилата со ознаката NMK.

Замената на старите регистарски таблички со новите ќе се врши постепено при регистрација на возилата.

Обврската за замена на табличките на кои е досегашната ознака МК со новата NMK произлегува од Договорот од Преспа со кој се реши спорот за името со Грција.

Од стапувањето во сила на Преспанскиот договор, досега се даваа бесплатни налепници со ознаката NMK на граничните премини при влез или излез на возилата од Република Северна Македонија.