четврток, 24. септември 2020. Вести денес: 33
home Вести

„ДОЈДЕ ЖИВОТ“: Иселувањето фрапантно расте, а власта заборава какви лаги и манипулации им ветуваше на граѓаните

„ДОЈДЕ ЖИВОТ“: Иселувањето фрапантно расте, а власта заборава какви лаги и манипулации им ветуваше на граѓаните

И додека бројките за иселувањето фрапантно растат од ден на ден, власта предводена од Зоран Заев и СДСМ речиси не мрдаат со прст- иако ветуваа враќање на младите во земјава.

Според податоците кои ги објави КУРИР вчера во Кочани од почетокот на оваа учебна година од средните и основните училишта се отпишале 20 ученици за кои родителите навеле причина е иселувањето во странство.

Бројката за Штип е далеку поразочарувачка, дури 77 ученици си заминале со образложение дека нивните семејства заминуваат во странство.

Податоците на Секторот за јавни дејности во Општина Штип покажуваат дека бројките се поголеми во основните училишта, од каде што биле отпишани 48 ученици, а од средните 29.

Според истражувањата на терен бројката на отпишани ученици поради иселување на фамилиите во странство процентуално е приближно иста како во Кочани и Штип односно изнесува околу десетина проценти на годишно ниво.

Истражувањето на Центарот за истражување и креирање политики покажа покрај тоа дека 76,7 отсто од младите кои живеат во државава размислуваат да се иселат. Клучна причина за иселувањето е лошиот квалитет на живот кој, покрај материјалните аспекти, ја опфаќа целокупната ситуација на политичка и економска несигурност во државата, квалитетот на јавните услуги во образованието, здравството, социјалната заштита, можностите за личен и кариерен развој, вклученоста во процесите на носење одлуки што ги засегаат.

Овие тенденции се сосема спротивни од најавите на актуелната Влада дека ќе ги врати иселените млади лица од државава но реалноста е сосема поинаква до тој степен што во последнава година иселувањето дури и е драстично забрзано.

По оваа вест која се разбрани во јавноста реагираше и ВМРО-ДПМНЕ која преку прес-конференција ги потврдија само празните и лажни ветувања на власта.

Оваа прес конференција ќе биде посветена на темата поврзана со иселувањето и егзодусот во Македонија, по повод секојдневните извештаи за падот на ученици во Македонија од општина по општина. Падот на новородени деца и зголемување на иселувањето. Ова би бил содржинскиот дел од оваа прес конференција. Наместо живот со Зоран Заев во Македонија дојде до егзодус и невидено, невидено до сега иселување, изјави на прес-конференција Владимир Ѓорчев член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ кој додаде:

„Се иселуваат луѓето од сите региони на Република Македонија, се иселуваат младите од Скопје, се иселува Источна Македонија, се иселуваат луѓето од Полог, Тетовско, Гостиварско, Липковско. Си заминуваат луѓето од Битолско, од Прилепско, од Охрид и Охридско. Ова е невиден, невиден егзодус.
Последица на штетните политики на Зоран Заев и на неговата Влада. Од Македонија секогаш имало иселување. Но ова што сега го гледаме како невидено иселување како егзодус. Како евакуација од Македонија на цели семејства до сега не сме го виделе никогаш. Од долгите векови на македонска историја.“

-Со тага и со тежина вчера беше објавена веста дека за само 10 месеци, внимавајте само од Нова година речиси денес од основните училишта во Штип и од средните училишта се отпишани 77 ученици. 77 отпишани ученици само од Штип. Жал и тага. Тоа значи дека од градот Штип од најголемиот центар од најголемиот град на Источна Македонија само од Нова година до сега, само откако ја поскапеа акцизата на дизелот Заев и Анѓушев заедно со Тевдовски се иселени околу 300 до 400 граѓани. Понатаму, ако го видиме бројот на отпишани ученици во Кочани, Кочани е помал град, само од Кочани од истиот дел од годината значи од почетокот на годината до сега се отпишани 20 ученици. Тоа не е толку голем град, значи во Кочани само од почетокот на годината отпишани се 20 ученици. Уште еднаш ако треба сето ова да го резимирам и да го заокружам би го кажал следново, наместо живот со Зоран Заев во Македонија дојде до невидено, невидено до сега иселување и егзодус, потенцираше Ѓорчев.

Ѓорчев додаде дека си заминуваат и се евакуираат цели семејства, дека си заминуваат младите од Скопје, се иселува Источна Македонија, бегаат луѓето од Полог, од Тетовско, од Гостиварско, од Липковско, од Дебарско, од Маврово – Ростуша, си одат луѓето од Струшко и од Охрид. Се испразнува и иселува Битола, Прилеп исто така, луѓето од Струмица си одат. Да не ги набројуваме сите градови.

-Штетните политики на Зоран Заев доведоа до тоа да Македонија се истенчува, да народот ни се топи, државата ни исчезнува. Македонија умира, паѓа бројот на новородени деца, имаме во 2018 година во три квартали најмал, најмало ако има статистика во Македонија, најмал број на родени бебиња. Страшни падови. Невидени падови. Наместо живот донесоа егзодус и невидено иселување. Жал и тага, заклучи Ѓорчев.

За негативниот тренд на миграции неодамна предупреди и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

-Ако дискутираме за иселувањето, сега никогаш не било по интензивно тоа иселување. Сега можам да ви кажам дека имаме и статистички и фактографски најмасовно иселување на младите и тоа го докажуваат сите оние автобуси кои секој ден тргнуваат од Република Македонија кон другите земји, кон побогатите земји во Европа. Проблемот со лошата социо -економска ситуација не е договорот и не е НАТО или нешто друго туку криминалната транзиција која се случуваше во Македонија, континуираното осиромашување на овој народ, немањето реална државничка политика, потенцира Мицкоски.

Инаку СДСМ обвинувајќи ја ВМРО-ДПММНЕ која беше на власт во 2016 година организираше протест пред владата на Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ поради која се иселуваат граѓаните.

Тогаш организаторите како причини за протестот ги наведоа тешката економска состојба во земјата и општото влошување во сите сфери на општеството.

Но, само две години подоцна власта речиси заборави на граѓаните и празните ветувања кои придонесуваат ситуацијата наместо како што ветуваа да се подобри, таа неколкукратно да се влоши.

Коронавирус