вторник, 26. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Дојде соживотот: Поддржувачите на Џафери со тешки навреди кон Македонците

Вака изгледа соживотот кој Зоран Заев се обидува да го пласира во јавноста, по силеџиското изгласување на законот за јазици со кој на територија на целата држава и во сите нивоа на власта се воведува албанскиот како втор службен јазик, пишува порталот Инфомакс.
Дојде соживотот: Поддржувачите на Џафери со тешки навреди кон Македонците

При вчерашното гостување во „Ноќно Студио“ на телевизијата Телма, голем број на граѓани од албанска националност ширеа говор на омраза, шовинизам и национализам, бодрејќи го Талат Џафери кој тврдеше дека тоа шо го направил е правилно, иако експертската јавност јасно укажана тоа дека се прекршени сите демократски и институционални процедури при носењето на законот за јазици, пишува Инфомакс.

-Коментари од типот на „Умрете каури“, „Талат команда со Собранието“, „Вие сте измислена нација“, „Бегајте Бугари“, „За вас само гасна комора“, го преплавија ѕидот на Фејсбук страницата на ТВ Телма, која наместо да ги отстрани ги толерираше ваквите фашизоидни испади, стои во текстот на порталот.

Коронавирус