недела, 29. март 2020. Вести денес: 40
Во живо

Во 12 часот прес-конференција на Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ

home Вести

Договорена донација од 50-тина респиратори

Договорена донација од 50-тина респиратори

Норвешката амбасада донира 25 респиратори за Инфективната клиника во Скопје, информираше вицепремиерот за евроинтеграции, Бујар Османи. Во моментов тие се во Турција и се бара начин како да се донесат во нашата земја по копнен пат. Договорена е набавка на уште 30 респиратори како донација на Европската унија. Не се знае кога би можеле да бидат испорачани од Кина, бидејќи оваа земја има порачки од 100-тина земји а нема залихи, па ќе испорачува со онаа динамика со која ќе произведува.

Министерот Османи потсети дека ЕУ ќе обезбеди поддршка за Македонија од 65-70 милиони евра. Како земја преговарач за членство, ќе имаме пристап и до Европскиот солидарен фонд, што ни беше недостапен додека бевме само кандидат за членство.