сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Договор во 4 очи со државата: Клиниката за радиотерапија и онкологија склучила договор со Д-р Пановски во вредност од 50 илјади евра

Договор во 4 очи со државата: Клиниката за радиотерапија и онкологија склучила договор со Д-р Пановски во вредност од 50 илјади евра

Клиниката за радиотерапија и онкологија на 17-ти септември склучила договор во 4 очи за набавка на лекови со веледрогеријата Д-р Пановски.

На системот за Јавни набавки има објавено договор во кој како договорен орган стои Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија и во овој како предмет на договорот на јавна набавка стои набавка на лекови преку постапка со преговарање без претходно објавување на оглас со вкупна вредност на договорот од 3.024.000 денари односно околу 50 илјади евра.

Упатените коментираат дека со укинувањето на советот за јавни набавки кое се случи непосредно по доаѓањето на власт на СДСМ институциите изгубија контрола врз постапките за јавни набавки кои се почесто се склучуваат во 4 очи. На овој начин се отвораат нови можности околу злоупотреби на целиот процес и се отвора можност за корупција.

Најнови вести

Коронавирус