петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 45
home Вести

Предизборен флерт со Србите: Додик гостин на Пендаровски, ќе добие и орден

Предизборен флерт со Србите: Додик гостин на Пендаровски, ќе добие и орден

Членот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик денеска и утре престојува во Скопје и ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски.

Средбата ќе се оддржи во 17 часот а Додик потоа ќе присуствува на Светосавската академија. Ќе му биде доделена Светосавска повелба за „Значаен придонес во афирмацијата на српското национално прашање во регионот и за значаен придонес за заштита на Србите и српската култура и традиција во Македонија”.

На академијата предвидено е да имаат обраќање заедно со премиерот Оливер Спасовски. Додик останува и утре во Македонија – ќе го посети селото Кучевиште.

Познавачите на состојбите овој чин го толкуваат како предизборно приближување на СДСМ кон српската азаедница, која во изминатиот период е на маргините на оваа влада, особено по низата препукувања со Вучиќ и српската заедница. Тука е и законот за двојазичност и односот кон Косово.

За потсетување, и при иницијативата за промена на календарскиот Божик кон католичкиот, градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов од СДСМ, изјави дека со тоа ќе сме влегле во групата на цивилизираните земји, правејќи ги директно со тоа Србите дел од нецивилизираниот свет.

Во паметењето на народот е и гафот со комичното чествување на Свети Сава, кога сегашниот технички премиер Спасовски на соц-мрежите на Србите им ја честиташе Света Сава, па се исправи и го употреби вистинскиот род на светецот.

Коронавирус