четврток, 25. февруари 2021. Вести денес: 92
home Вести

Додека Заев во шест месеци се нема сретнато со ниту еден премиер, Мицкоски го отвора патот кон ЕУ сретнувајќи се со тројца премиери во четири дена

Според аналитичарите ова е доволен доказ дека Заев ја губи меѓународната поддршка и никој не и помага на Македонија во оваа кризна ситуација со вирусот.
Додека Заев во шест месеци се нема сретнато со ниту еден премиер, Мицкоски го отвора патот кон ЕУ сретнувајќи се со тројца премиери во четири дена

И додека Македонија има влада предводена од СДСМ повеќе од половина година, премиерот Зоран Заев се нема сретнато со ниту еден премиер, додека лидерот на најголемата опозициска партија во земјава Христијан Мицкоски во кус период оствари дури три средби со тројца премиери.

Според аналитичарите ова е доволен доказ дека Заев ја губи меѓународната поддршка и никој не и помага на Македонија во оваа кризна ситуација со вирусот.

Наспроти ова Мицкоски и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски го отвораат патот кон Европската унија.

Додека Мицкоски стекнува лични пријателства со премиери на различни земји кои и се пријатели на Македонија, јавноста е сведок дека Заев се препелка во афери и скандали кои ја тресат оваа власт од самото доаѓање уште пред четири години.

И додека цел свет се вакцинира и државите снабдувајќи вакцини покажаа грижа за својот народ, македонските граѓани секој ден живеат во страв и со голема мака, чувствувајќи се небезбедно. Слушнаа низа лаги, променети изјави, сведочеа на катастрофални бројки на заразени и починати, на лоши услови за лекување, но од вакцините ни В.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, партија која е во опозиција, ги јакне врските на нашата држава со земјите од Европска унија, а Заев соработува со земји и политичари кои ни ставаат пречки на тој пат. Мицкоски со посетите и средбите покажува силна волја да работи за доброто на Македонија и нејзиниот народ надвор од државните граници, создавајќи пријателства и соработка со земји кои можат многу да ни помогнат.

Иронично е што додека опозиционер го прави сето ова, премиер мака мачи да испрати претставник на земјава во Брисел кои ги враќаат поради врски со источни тајни служби.

Јасната поддршка која ја добива на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ од европските лидери значи дека во земјава мириса на промени.

Додека Заев се занимава со дворски игри, Мицкоски игра регионално.

Дипломатска офанзива на Мицкоски

За 4 дена резултатот од дипломатската офанзива на Мицкоски е средби со тројца европски премиери- Виктор Орбан (Унгарија), Јанез Јанша (Словенија) и Андреј Пленковиќ (Хрватска) како и средба со двајца министри за надворешни работи Петар Сијарто ( Унгарија), и Гордан Грилц Радман (МНР Хрватска).

Мицкоски на средба со Орбан и Сијарто: Државата не смее да остане заробена во калкулирања и недостаток на реформи, а граѓаните заглавени поради таквата неспосбност

На 18-ти  јануари 2021-ва година, претседателот на ВМРО, Христијан Мицкоски и потпретседателот  Александар Николоски во Будимпешта остварија работна средба со премиерот на Унгарија и претседател на партијата Фидес, Виктор Орбан, како и работен појадок со унгарскиот министер за надворешни работи  Петер Сијарто. Виктор Орбан на средбата со Мицкоски изрази пoддршка за ВМРО-ДПМНЕ, државата и европската иднина.

На средбата со унгарскиот премиер Орбан беа констатирани одличните и пријателски односи кои што постојат помеѓу сестринските партии ВМРО-ДПМНЕ и унгарската Фидес.

На средбата Мицкоски се осврна и на блокираните европски интеграции кои се последица на последното вето на источниот сосед, кое што Македонија ја одалечува од стратешката цел членство во Европската Унија. Лидерот Мицкоски побара поддршка од пријателска Унгарија за одблокирање на патот кон ЕУ и воедно севкупна поддршка за земјава на патот кон европските интеграции.

-Премногу долго државата е заробена во недостаток на реформи, калкулирања и тапкање во место што резултира со оправдана нервоза, но и своевидна фрустрација во исполнувањето на стратешката агенда. Точно е дека македонската влада има огромeн застој во исполнувањето на реформите, неисполнети ветувања, и не до крај посветен пристап кон интеграциите, исто како што е точно дека државата и сите нејзини граѓани не смеат да бидат заглавени поради таквата неспособност на домашната влада, но и недоволната спремност на сите земји членки на Унијата да подадат искрено рака на земјите апсиранти кон ЕУ, подвлече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Соговорниците разменија мислења и за економската и здравствената состојба, како и предизвиците кои произлегуваат од КОВИД 19 пандемијата.

-Македонската економија е во рецесија и над 50 илјади наши сограѓани ги загубија своите работни места. На граѓаните им недостасува конкретен план како да се излезе од кризата, но и сигурност и перспектива. Најголемиот дел од граѓаните очекуваат од владата стратегија и план како тие ја проектираат иднината за одреден период од сега. За огромна жал Македонија е меѓу земјите со најголем број на починати споредено со бројот на жители поради КОВИД 19 пандемијата. И тоа е доказ за неспособното и не до крај доволно посветеното работење на властите во надминувањето на предизвиците. На тој план клучна е размената на знаења и искуства со понапредните држави, како што е Унгарија и би бил багодарен доколку Унгарија помогне на тој план со било кој свој расположлив потенцијал, истана Мицкоски на средбата со премиерот Орбан.

На работниот појадок со министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, стана збор за стратешките приорити врзани со членството на државата во Европската Унија. Мицкоски побара од Сијарто поддршка и вклучување во одблокирање на пристапиот процес. Мицкоски посочи дека државата не смее да преговара за своите идентитетски обележја и тоа не смее да биде цената за напредок на земјава кон патот на Европската Унија.

Мицкоски по средбата со премиерот Јанша: Економијата е девастирана што е последица на неспособноста на владата, да се следат позитивните примери и искуства како Словенија

Мицкоски и Николоски на 20-ти јануари 2021-ва година во рамките на својата регионална дипломатска иницијатива остварија средба со Премиерот на Република Словенија, Јанез Јанша.

На средбата лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски истакна дека Македонија се соочува со вето од Бугарија на патот кон Европската Унија.

-Но, и покрај оваа препрека како акутен проблем останува недодостатокот на борба против криминалот и исклучителното високо ниво на корупција во земјава што прави државата да тоне на сите скали и рангирања кои што го мерат квалитетот на живот, истакна Мицкоски.

Тој на средбата размени искуства поврзани со економијата, при што Мицкоски напомена дека рецесијата во која се наоѓа македонската економија резултираше со раст на невработеноста, додека пакетите на помош за економиката не ги дадоа потребните резултати зошто тие освен за гола промоција беа наменети за приземен поткуп без ефект и помош за стопанството.

-Економијата е девастирана што е директна последица на неспособноста на владата, граѓаните немаат време за чекање, истакна Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски со Јанша зборуваше и за здравствената ковид криза како сериозна закана за сите земји во светот како и механизмите за нејзино надминување.

-Словенија има сериозен план за вакцинирање на населението од дури 70 проценти до почеток на летото, би сакал и македонската влада да ги следи ваквите позитивни примери, истакна Мицкоски.

Тој на средбата побара поддршка од словенечкиот премиер на патот кон Европската Унија особено што Словенија е државата која е идниот претседавач со Унијата.

Премиерот Јанша изрази поддршка на Македонија и нејзините евро интеграции како и поддршка за дополнително развивање на сестринските односи со ВМРО-ДПМНЕ како дел од семејството на Европската Народна партија.

Мицкоски на средба со хрватскиот премиер Пленковиќ: Додека земјите од регионот се рекордери по успеси и достигнувања, Македонија е рекордер по украдени избори, попис кој е фалсификат во најава, потрошени пари за поткуп, партизирано судство, работите мора да се променат

На 21-ви јануари 2021-ва година, Мицкоски и Николоски во Загреб остварија средба со премиерот на Република Хрватска, Андреј Пленковиќ и министерот за надворешни и европски прашања на Хрватска, Гордан Грлиќ Радман.

На средбата Мицкоски побара од Хрватска да го поддржи одблокирањето на европските интеграции на државата, посочувајќи дека покрај ветото од источниот сосед граѓаните не заслужуваат да бидат заложници на неспособната влада на чело со Зоран Заев која не може да испорача резултати.

-Ветувањата наспроти делата покажуваат дека Македонија се соочува со растечка сиромаштија, пропадната бизнис клима и галопирачка корупција. Додека регионот и светот се рекордери по успеси и достигнувања, Македонија е рекордер по украдени избори, попис кој е фалсификат во најава, потрошени пари за поткуп, партизирано судство и селективна правда. Сето ова граѓаните ги прави несреќни и е јасен показател дека мора да се променат работите, истакна Мицкоски кој додаде дека граѓаните заслужуваат стабилност и големи чекори напред.

Мицкоски се заблагодари на Пленковиќ за поддршката најавувајќи дека Македонија е подготвена за промени, за борба за обезбедување на иднината, и за рестартирање на општеството.

За средбите со европските премиери вчера во своето гостување во дневникот на телевизија Сител зборуваше и потпретседателот Александар Николоски.

Тој вели дека овие средби се јасна порака за поддршка на ВМРО-ДПМНЕ, планираат нови дипломатски средби со земји членки на ЕУ

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на вчерашното гостување во централниот Дневник на телевизија Сител се осврна на средбите со премиерите од трите земји Унгарија, Словенија, Хрватска кои ги посетија со претседателот Христијан Мицкоски.

-Средбите со европските премиери се јасна порака за поддршка на ВМРО-ДПМНЕ, планираме нови дипломатски средби со земји членки на ЕУ. Ова е јасна порака кого сакаат да видат во Македонија, рече Николоски.

Потпретседателот Николсоки рече дека понатамошните средби ќе зависат од ретрикциите поврзани со корона пандемијата.

-Во Европа зајакнуваат рестрикциите и мора да го следиме тоа. Но, ќе продоложиме со средбите во првиот момент кога ќе се надмине тоа. На средбите ќе ги претставуваме позициите на ВМРО-ДПМНЕ, но и на државата, рече Николоски.

Ова е само уште еден доказ за јавноста за да се убеди кој работи за доброто на граѓаните, а кој на товар на граѓаните сака да се збогати за лични интереси туркајќи ја Македонија во амбис.

Мицкоски: Светот оди напред со големи чекори, Унгарија имаше раст од 4,9% годинава, а ние рецесија. Словенија нарачала над 3 милиони вакцини, а ние молиме за донации

Фејсбук статус на Мицкоски по средбите:

Од мојот краток престој во Унгарија можев да видам дека главниот предизвик на младите е како да ги усовршат системите за вештачка интелигенција и нивната примена во секојдневниот живот. Оваа 2021 година очекуваат економски бум, поголем од сите години претходно. Се зборува за новиот пакет од 5.18 милијарди долари евтини кредити кои ќе бидат на располагање на домашните бизниси како директна помош за економијата.

Денес сум во Љубљана, Словенија, доцна попладне ќе имам средба со премиерот Јанез Јанша. Земјата оваа година се подготвува за овогодинешното претседателство на ЕУ. Дискусиите се за водењето на зелените политики. Во здравството, Владата на Словенија очекува до почеток на летото 70 проценти од вкупното население да биде вакцинирано против ковид вирусот.

Словенија нарача 3.227.948 дози на вакцини.

Светот оди напред со големи чекори!

А кај нас главно е тоа што нема вакцини, освен оние кои се добиени како донација, што е премала количина за вистинските потреби.

На пациентка ѝ се извадени човечки органи, а сѐ уште не станува збор за одговорност на било кој.

Полицијата ги казнува оние што чествуваат Водици, а ги остава вистинските криминалци да дивеат по улиците.

Важно, најавен е нов петти пакет на мерки, откако претходните четири немаа никаков реален ефект во економијата, освен намената поради која е и овој нов пакет, а тоа е поткупот.

Заглавени помеѓу тендерите на власта за приватни џебови, мафијашкиот попис и продажбата на идентитетот, додека земјава стои во слепите сокачиња на патот кон ЕУ, граѓаните губат уште една важна година од своите животи во чекање додека светот оди напред.

Затоа кажувам: Доста е! Мора да се стави крај на политичарите криминалци и на неспособноста.

Иднината е наша и ќе се бориме за неа! За овие и сите идни генерации.

Од мојот краток престој во Унгарија можев да видам дека главниот предизвик на младите е како да ги усовршат системите за…

Posted by Hristijan Mickoski on Среда, 20 јануари 2021

 

Коронавирус