среда, 27. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Додека Заев прави зделки со бугарски компании преку рудникот Иловица, селаните од околните села свесно ќе се трујат

Додека Заев прави зделки со бугарски компании преку рудникот Иловица, селаните од околните села свесно ќе се трујат

Изминатите неколку месеци актуелна тема беше и распродажбата на рудникот Иловица, за кој иако жителите од околијата протестираа и јасно и недвосмислено кажаа дека не сакаат свесно да се трујат, сепак премиерот Зоран Заев немаше слух за нивните барања.

Откако малку спласна целата ситуација околу рудникот Иловица, сега сведочиме на негова распродажба, односно на назначувањето на нов сопственик на рудникот. Нов сопственик на рудникот неофицијално е бугарска компанија, која на чудесен начин се пробила како посилен кандидат пред швајцарска компанија, која исто така била вклучена во играта.

Како што дознаваме од нашите извори, сомнителен е моментот каде што трансферот на пари не оди класично од земјата која што во случајов го добила рудникот Иловица, туку преку Кајманските острови. За Кајманските острови е познато дека е тоа една од офшор земјите, кои најчесто се дестинации за штедење на црни пари за кои не се плаќа данок, ниту пак некој ги има на увид.

Дали Зоран Заев пред се ја отфрлил швајцарската фирма поради тоа што не можел да направи зделка во своја корист и поради тоа ја доделил на бугарска фирма блиска до неговото семејство или пак се работи за матна зделка за која јавноста не смее да има пристапност до трансферот на пари за добивање на рудникот Иловица?!

Селаните од околните села и овој пат реагираат на ваквата одлука и велат дека не сакаат рудникот да работи, а нивните деца свесно да се трујат поради нечии интереси. Сепак, фактот дека рудникот е веќе даден на новиот сопственик, укажува на тоа дека Зоран Заев не се грижи за здравјето на селаните од околните села, туку го интересира бизнис од кој најверојатно и самиот има материјални придобивки.

Најнови вести

Коронавирус