четврток, 5. август 2021. Вести денес: 74
home Вести

„Додека Заев не одговори за што преговара со Бугарија, ВМРО-ДПМНЕ ќе ги искористи сите демократски алатки за спречување на ново национално предавство од оваа ненародна власт“

„Додека Заев не одговори за што преговара со Бугарија, ВМРО-ДПМНЕ ќе ги искористи сите демократски алатки за спречување на ново национално предавство од оваа ненародна власт“

Распродавањето, раскчмувањето и националните порази на Македонија имаат име и презиме, а тоа е Зоран Заев. Граѓаните на Македонија се уште не добија одговор за што преговара Заев со Бугарија, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Зоран Заев и Владо Бучковски треба веднаш да и одговорат на македонската јавност што тајно преговараат со Бугарија. Дали повторно под маса се преговори за нови национални предавства од страна на двоецот Заев- Бучковски.

Додека Зоран Заев повторно се колне дека не се преговара за јазикот, историјата, идентитетот и културата на македонскиот народ, од страна на нашиот сосед секојдневно слушаме дека нивните црвени линии се јасно познати и составени во Бугарската декларација, која е потврдена во парламентот на Бугарија. Ова јавно го потврди и бугарскиот премиер.

Зоран Заев, Бујар Османи и Владо Бучковски треба веднаш пред пратениците во Собранието на Македонија да го презентираат Нацрт документот за кој преговараат со официјална Софија“ – велат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат: „Се додека Заев не одговори за што преговара со Бугарија, ВМРО-ДПМНЕ ќе ги искористи сите демократски алатки за спречување на ново национално предавство од оваа ненародна власт“

-Ова е исклучително значаен момент за иднината на нашата држава и македонскиот народ, бидејќи доколку се прифати оваа Декларација да биде дел од преговарачката рамка на Македонија со Европската Унија ќе се изврши целосна асимилација врз македонскиот народ. Со Зоран Заев и СДСМ, Македонија и македонскиот народ доживуваат само порази и понижувања, 4 години Заев, 4 години украден живот. Доста е, истакнуваат од партијата.

Коронавирус