среда, 13. ноември 2019. Вести денес: 0
home Вести

Додека во Собрание го менува името, Заев зема нов заем од 7.1 милиони евра

Додека во Собрание го менува името, Заев зема нов заем од 7.1 милиони евра

Министерството за финансии ја задолжи државата за нови 7.1 милиони евра со рок на отплата на 15 години со каматна стапка од 3%. Власта зеде 14.6 милиони евра, од кои 7.1 милион евра се нов долг, што значи дека државата за 15 години само за камати ќе плати 4.2 милиони евра.

Власта само во првите три месеци од 2018 година е задолжена за нови над 300 милиони евра. Јавниот долг на државата за првпат ја проби психоллошката граница од 5 милијарди евра, а државниот долг изнесува над 4 милијарди евра, за првпат во историја на независна Македонија.

Експертите коментираат дека ваквото неконтролирано задолжување е целосно непотребно и без реална основа. Имено според економистите кои ги контактиравме сите едногласно потврдуваат дека задолжувањето како фискален инструмент е само оправдано кога со истото се реализираат капитални инвестиции, како подоцна државата ќе има поврат и ќе може да го враќа долгот.

Во нашиот случај е сосема различно, државата се задолжува, а капиталните инвестиции се на историско најниско ниво. Имено реализацијата на капитални инвестиции во првите 4 месеци од оваа година изнесува едвај 11%.

Сите се прашуваат каде завршуваат милиони кои ги зема владата.