недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 82
home Вести

Додека угостителскиот објект требало да биде затворен, внатре се забавувале над 20 гости

Додека угостителскиот објект требало да биде затворен, внатре се забавувале над 20 гости

Одделението за внатрешни работи Гостивар поднесе кривична пријава против С.Т.(20) од с.Неготино, гостиварско поради постоење основано сомнение за сторено  кривично дело „непостапување според здраствените прописи за време на епидемија“.

На 05.12.2020 при контрола во врска со почитување на одлуките, мерките и протоколите на Владата на Република  Македонија со цел спречување на ширење на коронавирусот и заштита на јавното здравје со кое работното време на сите угостителски објекти се  ограничува до 21.00 часот, во 21:40 часот од страна на полициски службеници на Полициско оддление Галате и Полициска станица Гостивар во содејство со Државен пазарен инспекторат – Гостивар, во угостителски објект во атарот на с.Неготино, сопственост на С.Т. било констатирано дека истиот објект бил отворен и во него биле затекнати над 20 гости.

Од страна на Државен пазарен инспекторат Гостивар објектот бил затворен, а С.Т. од страна на полициските службеници бил лишен од слобода и задржан во просториите на Одделение за внатрешни работи Гостивар.

Коронавирус