среда, 2. декември 2020. Вести денес: 208
home Вести

„Додека Спасовски ги замајува граѓаните со ветинг за полициските службеници, негови најблиски соработници отвораат милионски бизниси“

„Додека Спасовски ги замајува граѓаните со ветинг за полициските службеници, негови најблиски соработници отвораат милионски бизниси“

Додека Спасовски ги замајува граѓаните со ветинг за полициските службеници, негови најблиски соработници отвораат милионски бизниси, иако со години не бележат никаков профит во тие фирми. Во понеделникот во Куманово е отворена една од најголемите бензински во тој регион, а сопственик на хартија е таткото на Никица Петрушевски, советник за односи со јавност на Оливер Спасовски. На свеченото отворање продефилира половина влада, а Спасовски, според објавените слики во медиумите, прошета прв како што вообичаено тоа го прават сопствениците, изјави на прес конференција членот на ИК Орце Ѓорѓиевски кој додаде:

„Каков е уделот на Спасовски во отворањето на овој бизнис останува да се расчисти во периодот што следи. Фирмата на Петрушевски, „Пин петрол“ иако со години воопшто не бележи профит, односно нивниот профит е нула, инвестирала милиони во бензинска пумпа со ресторан, супер маркет, кафетерија и автоперална. Фирмата „Пин петрол“ се разработува единствено кога СДСМ доаѓа на власт.“

-Истата фирма пред само неколку месеци, доби лиценца за технички преглед од МВР. Синот советник за таткото сопственик. Во која било друга земја ова би се сметало за класичен судир на интереси, но тогаш МВР реши да молчи и да не одговори на нашите прашања, а антикорупциската реши да замижи и да не го гледа овој скандал. Спасовски тогаш му потпиша на таткото на својот советник дозвола за отворање на технички преглед. Животот кој што СДСМ го најавуваа за сите, се претвори во безобразно богатење, неказнет криминал, корупција и повластици за блиските до власта. Токму затоа се потребни предвремени и бараме итни парламентарни избори час побргу, потенцираше Ѓорѓиевски.

Коронавирус