вторник, 2. јуни 2020. Вести денес: 110
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Додека СДСМ упорно ја напаѓа предлог мерката на ВМРО-ДПМНЕ, многу европски земји во услови на криза ја применуваат истата

Додека СДСМ упорно ја напаѓа предлог мерката на ВМРО-ДПМНЕ, многу европски земји во услови на криза ја применуваат истата

Додека СДСМ упорно ја напаѓа предлог мерката за пензиските фондови и велат дека Мицкоски всушност заговарал да се доведат во прашање пензиите, веќе многу европски земји вклучувајќи ги балтичките земји, Летонија, Литванија, Естонија, а тоа го направија и две централни европски Земји како Полска и Унгарија во услови на криза ја применија оваа мерка.

Освен експертите и јавноста овие денови ја напаѓа неписменоста на власта која напаѓа мерка кон која и приоѓаат и земјите од Европската Унија.

Со оваа мерка економските познавачи велат дека не се загрозуваат пензиите на граѓаните, бидејќи ќе се оперира со пари кои граѓаните ќе ги добијат за години од сега.

Универзитетскиот професор и поранешен министер за финансии Трајко Славески во изјава за КУРИР вели дека како што е познато, ВМРО-ДПМНЕ предлага почнувајќи од март оваа година делот од придонесот за пензиско-инвалидско осигурување кој се насочува кон едно од трите пензиски друштва за капитално финансирано пензиско осигурување (приватни пензиски фондови), одреден временски период додека трае кризата и последиците од неа да се уплаќа во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија (ФПИОМ).

-Оваа поддршка му е неопходна на државниот пензиски фонд со оглед на тоа што речиси 100% од пензиите на тековните пензионери се исплаќаат од овој фонд и дури и во нормални околности недостигот на средства државата го надополнува со трансфери од државниот буџет. Значи, не станува збор за некакво зафаќање на средства на осигурениците кои се акумулирани на нивните сметки кај приватните пензиски друштва, како што сака да манипулира власта и медиумите под нивна закрила. Дури може да се размислува во иднина, кога ќе се стабилизираат состојбите, осигурениците да се компензираат за висината на овие средства кои времено ќе се пренасочат кон ФПИОМ за непречена и навремена исплата на пензиите, потенцира Славески.

Тој потсетува дека ваквата практика не е невообичаена кај земјите кои имаат задолжителен втор пензиски столб како и нашиот.

-По глобалната финансиска и економска криза од 2007-2009 низа земји од Централна и Источна Европа интервенираа на три начини: Естонија целосно ја суспендираше уплатата во приватните фондови на 18 месеци, а потоа продолжи со уплата со значително пониска стапка од таа пред кризата; Латвија и Словачка драстично ги намалија стапките според кои се алиментираа приватните фондови – Латвија ја симна од 8 на 2% во 2009, и така ја држеше сѐ до 2013 година, кога почна да ја зголемува за по еден процентен поен годишно, за во 2016 година да достигне 6%; додека Унгарија и Полска целосно или делумно ги национализираа приватните фондови – Унгарија 100%, а Полска околу 70%. Овие земји не извршија никаква компензација за средствата на осигурениците чиишто средства беа пренасочени од нивните сметки кај приватните, во државниот пензиски фонд, вели Славески.

Тој исто така потенцира дека може со сигурност да се очекува дека земјите од Централна и Источна Европа (а тоа се земјите кои под притисок на Светска банка го воведоа вториот столб во услови на незавршена сопствена транзиција во текот на првата декада од овој век) ќе постапат слично, ако не и подрастично и сега, во деновите и месеците кои ни претстојат, заради ублажување на последиците од колабирањето на нивните буџети и тешкотиите со кои се сочуваат нивните државни пензиски фондови при исплатата на пензиите. И ова е сосема легитимно! Еве, на пример, се очекува во наредните неколку денови парламентот на една од најнапредните поранешни социјалистички земји, Естонија, да изгласа закон во оваа насока. Предлог-законот ја има поддршката на премиерот Ратас, за што нашата јавност е веќе информирана. Овој закон предвидува стопирање на исплатите на делот од придонесот за пензиско и инвалидско осигурување во износ од 4% во периодот од 1 јули 2020. до 31 август наредната, 2021 година. За овие средства не е предвидена никаква компензација за осигурениците во приватните пензиски фондови во иднина. Покрај ова, осигурениците доброволно уплаќаат уште по 2% од платата во приватните фондови. Сега им се дава опција да изберат дали ќе продолжат со тие уплати или не. Ако продолжат со уплатите, државата и овие 2% од придонесот ќе ги пренасочи во државниот фонд, со таа разлика што во иднина ќе им ги компензира на осигурениците, значи, единствено овие 2% доброволно уплаќани средства, додава Славески.

Славески очекува многу скоро овој пример да го следат и други земји кои имаат слични пензиски системи.

-За мене е нејасно зошто владејачкиот СДСМ жестоко се спротивставува на овој предлог кој доаѓа од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, кога подеднакво и оди во прилог и на власта, а  и на граѓаните на Македонија кои секојдневно се бомбардирани со цифри за значителен недостиг на средства во државниот буџет. Некако ситуацијата би требало да биде сосема обратна – власта да предлага ваква мерка, а опозицијата да се противи! Сепак, очекувам дека владејачката СДСМ ќе нема друг избор освен да го прифати овој разумен предлог кој не може да се одбие. Задолжувањето од надвор станува од ден на ден сѐ понеизвесно и поскапо, а брзо ќе дојде денот за исплата на пензиите за април, завршува на крај Славески во изјавата за КУРИР.

Инаку претходно претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на Владата и достави предлог со мерките кои ги предлага опозицијата за справување со коронавирусот, особено во економскиот дел.

Лидерот на партијата, Христијан Мицкоски во интервју за Фактор вели дека последиците од оваа ситуација ќе бидат исклучително тешки за македонската економија. Сепак, вели дека сета одговорност е кај креаторите на политиките, кај власта.

Тврди дека повеќето од нивните потези биле чисто политикантство, намерите нечесни. Македонија е пред еден од најголемите предизвици во историјата, па го прашав прво какви се неговите прогнози во овој момент.

Ќе поднесеме сега наскоро, во текот на денешниот ден една уредба со сила на закон до Владата каде се содржани сите детали за тоа. Втората мерка што ја предлагаме  веднаш средствата кои што се уплаќаат во Фондот за вториот задолжителен приватен пензиски столб, државата да ги пренасочи во првиот задолжителен државен столб. Зошто? Тоа го прават држави во криза, тоа го прават Балтичките земји Летонија, Литванија, Естонија, тоа го направија две централни европски земји како што се Полска и Унгарија. Во Словенија на пример вие немате втор задолжителен приватен столб денеска, имате државен задолжителен и потоа се приватни доброволни, кој колку сака. Оваа година вториот столб е предвидено да акумулира околу 10 милијарди денари, во првите два месеца јануари и февруари се исплатени 1, 46 милијарди, доволно да речеме еве нивното портфолио, нивниот капитал се зголемил. Остатокот 8 ипол милијарди пренесете го во Буџетот, привремено, нема да им ги земеме за трајно. Кога ќе дојдат подобри времиња ќе им се вратат назад. Но, сега нека влезат во првиот задолжителен пензиски фонд, истакна Мицкоски во интервјуто.

Во интервјуто за ФАКТОР, тој вели дека Владата ако ја спроведе реформата во пензискиот фонд осигурениците нема да загубат ниту денат, а државата ќе добие пари.

Осигурениците нема да изгубат ниту дени. Моментно државата носи мерка каде што наместо парите да ги става во две купчиња, ќе ги става во едно. На ваков начин ќе обезбедиме ликвидност, ние сега треба да преживееме. Прашањето е ако продолжиме вака дали ќе дочекаме пензија и дали воопшто ќе имаме можност да ги користиме тие средства. Трета работа која исто така е во функција на ликвидност во буџетот. Да се свикаат сите банки во државата, да им се каже дека на државата и требаат пари. Гуверенрката еднаш ја намали основната каматна стапка, може тоа да го направи и дополнително со што благајничките записи на Народната банка ќе ја намалат атрактивноста. На сметка на тоа државата ќе објави едногодишни хартии од вредност со поголема каматна стапка од благајничките записи. Дел од овие 25 милијарди што се во записи ќе ги запише државата на свое конто и на тој начин ќе обезбеди барем половина милијарда евра, кои што во овој момент се важни. После ќе биде полесно за економијата, истакна тој.

Мицкоски вели дека потребна е веднаш безусловна реализација на капиталните инвестиции, да се обезбеди работа.

-Тоа е оној план кога вие имате услови на криза и  морате да ја зголемите потрошувачката да обезбедите повеќе пари онаму каде што е трудово интензивна дејноста. Морате капиталните инвестиции да ги интензивирате за да се создаде еден вид на спирала на потрошувачка. Тоа е она кое што ние го бараме, рече во интервјуто за ФАКТОР.

Тој преку Фејсбук статус вчера укажа и на оваа мерка која ја предлага, а веќе ја применил естонскиот премиер во неговата земја.

За жал, кусогледоста на економскиот тим на Владата, дополнет со Спасовски и Зоран Заев попречува да се види шансата која стои преку искористување на средствата од пензискиот фонд, а кој за македонската економија ќе значат дополнителни 200 милиони евра.

Но, тоа не е случај естонскиот премиер и влада, кој ја презема истата мерка којашто и ја предлагав на Владата пред една недела, а тоа е да се искористат парите од вториот пензиски фонд без да се доведат во било каков ризик средствата на осигурениците.
Оваа мерка не беше добра за Заев и Спасовски, но е одлична за естонскиот премиер.

Или свесно не сакаат да ги преземат мерките кои се добри затоа што е во прашање суетата, или не се разбираат во економија.

Но, што и да е од двеве причини, едно е јасно дека сето ова се удира врз грбот на македонските граѓани. Истата мерка според Асошијетед прес ќе ја имплементираат и други европски држави.

За жал, кусогледоста на економскиот тим на Владата, дополнет со Спасовски и Зоран Заев попречува да се види шансата која…

Gepostet von Hristijan Mickoski am Donnerstag, 2. April 2020

 

Коронавирус