петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 151
home Вести

„Додека пациентите мака мачат да соберат пари од донации при Фондот за здравство директорот Дончев и Филипче рекетираат компании“

„Додека пациентите мака мачат да соберат пари од донации при Фондот за здравство директорот Дончев и Филипче  рекетираат компании“

Додека пациентите мака мачат да соберат од донации при Фонд за здравствено осигурување, јавноста сведочи за скандалот Рекет 2. Директорот Ден Дончев заедно со министерот Венко Филипче, рекетираат компании, спречуваат инвестиции во здравството и киднапираат домашни фирми. Рекет 2 се одвива со веројатно аминување од Зоран Заев и државната мафија, каде што за случајот алармирале и од дипломатскиот кор во Македонија, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Државната мафија, рекетарскиот октопод на власт мисли дека ако Ден Дончев излегол на прес, дека скандалот Рекет 2 е завршен. За Рекет 2 има кривична пријава, а Ден Дончев и Венко Филипче се уште се на позициите од кои можат да влијаат врз докази, документи и сведоци. Притоа огромна е веројатноста делото да се повторува и сега, рекетот да продолжува врз друга компанија, можноста ова злосторничкото здружување и натаму да делува, да течат рекет транши и во моменти додека го држиме овој прес.     Ден Дончев и Венко Филипче мора да бидат отстранети од нивните функции, во име на вистинска истрага за случајот Рекет 2, потенцира Стоилковски.

Тој додава дека Ден Дончев и Венко Филипче мора да одговорат пред истрагата за Рекет 2 и тоа да биде јавно објавено:

  1. Дали зад намерата во Рекет2 на Ден Дончев и на Венко Филипче да се сопре продажбата стои изнуда на пари и месечни транши кај благајник со брада во струмичко?
  2. Дали во Рекет 2 Дончев комуницирал или на било кој начин бил во контакт со Зоран Милески Кичеец?
  3. Дали преку него во Рекет 2 е вршен притисок приватна успешна компанија да биде продадена на лице по волја и избор на Ден Дончев? Дали и за тоа мотивот се месечни транши кај благајник со брада во струмичко?
  4. Зошто во Рекет 2 ако имало криминал Фондот позади мене продолжил со соработката со компанија за која се сомнева дека има криминал?
  5. Кој е благајникот со брада во струмичко?
  6. Дали во Рекет 2 е злоупотребена и вмешана Управата за финансиско разузнавање?
  7. Дали зад истрагата за наводен криминал и смрзнувањето на капиталот на приватен бизнисмен во Рекет 2 не стои рекетирање и зошто нема никакви резултати од таа истрага и по цела година дена?
  8. Дали Зоран Заев бил запознаен со притисокот врз приватниот бизнисмен и доколку е запознаен, зошто истиот не го пријавил кај Рускоска, односно индиректно не го аминувал?
  9. Дали македонското МНР и Никола Димитров биле запознаени за Рекет 2 од странски дипломат и во тој случај зошто ниту Никола Димитров не го пријавил Рекет 2 кај Рускоска?

 

-Се додека Ден Дончев директорува со Фондот одговори на овие прашања ќе нема, се додека Ден Дончев е на чело на институцијата зад мене ќе биде попречувана професионална истрага, се додека Ден Дончев е внатре има можност Рекет 2 да тече врз други компании сега во моментов. Се до тогаш нема да се открие имало ли изнуда на пари, месечни транши и пат до Струмица „кај Благајникот со брада”? Ова е голема афера за која што зделката е видлива, намерата е предвидлива, злоупотребата на институциите е јасна – Ова е афера која уште еден доказ, случај за рекетарското здружување во власта, вели Стоилковски.

Коронавирус