четврток, 29. октомври 2020. Вести денес: 131
Во живо

Народот против загадувањето на воздухот, протести организирани од ВМРО-ДПМНЕ во 19 часот

home Вести

Додека македонските специјализанти дежураат за без пари, европарламентот донесе Резолуција за спречување на неплатената работа

Додека македонските специјализанти дежураат за без пари, европарламентот донесе Резолуција за спречување на неплатената работа

Медицинскиот кадар, и во овие исклучиво тешки поменти, се почесто иднината ја гледа надвор од границите на Македонија.

Најчеста причина за заминувањето на младите лекари и специјализантите, односно целокупниот медицински кадар се ниските плати и неможноста да се добие посакуваното работно место.

Специјализантите, кои сами си ја финансираат нивната специјализација, после долги години се изборија за добивање на месечен паричен надоместок од 26 000 денари. Нивниот секојдневен ангажман и труд на скопските клиники изнесува само 26 000 денари. Ноќниот труд и 24 часовните дежурства не им се платени, односно специјализантите дежуваат про боно, што би се рекло, волонтираат за без пари.

Заради ниските примања и условите под кои се добива работното место, како и лошите услови за работа и едукација, младиот медицински кадар мигрира и чарето го бара по европските развиени држави.

И додека нашиот медицински кадар, работи за без пари или пак преживува со примањата кои ги добива, Европскиот парламент изгласа усвојување на Резолуција која има за цел да ги поддржи младите во обезбедувањето ввалитетни можности за вработување.

Резолуцијата ја осудува праксата на неплатена пракса, стажирање и дежурства која обично ја користат работодавците и повикува на правни инструменти со кои ќе се спроведе нивното правично плаќање.

На Резолуција, се чини дека, најмногу им се израдуваа македонските млади лекари и специјализанти, кои на социјалата мрежа Фејсбук ја споделија веста за да може да се информира секој млад лекар и специјализант.

„Европскиот Парламент кажа НЕ на неплатената работа! Платени дежурства за сите специјализанти“, стои на Фејсбук страната на Асоцијацијата на спесијализанти и млади лекари.

Коронавирус