понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 90
home Вести

Додека Македонија крахира поради Филипче, Европа почна со олеснување на мерките за корона

Додека Македонија крахира поради Филипче, Европа почна со олеснување на мерките за корона

КОВИД-19 во Македонија коси, а министерот за здравство Венко Филипче и премиерот Заев не воведуваат построги мерки. Поради високите бројки уште на самиот почеток на вториот бран од КОВИД- 19 Чешка одлучи да затвори се, да не работат продавниците, училиштата, рестораните. Словенија ги затвори рестораните, хотелите и трговски центри, а холандската влада ги затвори кафулињата и рестораните.

Во Македонија додека секој ден умираат десетици граѓани, вчера починаа дури и 35, сепак рестриктивни мерки за корона вирусот нема.

Според професорот, микробиологот Никола Пановски може да се преземе построга мерка која би го спречила ширењето на вирусот.

„Мислам дека треба да се воведе полициски час од 22 часот како прва мерка. Тоа нема да делува директно врз економијата“, вели Пановски.

ОЛЕСНИТЕЛНИ МЕРКИ

Земјите во Европа уште пред почетокот на вториот бран воведоа рестриктивни мерки кои што ги затворија граѓаните во домовите со цел да се заштитат од КОВИД-19. Тие мерки дадоа ефект и се намали бројот на заразени и починати, и поради тоа деновиве европските земји решија да ги олеснат рестриктивните мерки.

Франција поради падот на новозаболени и починати, деновиве ќе почне со олеснување на карантинот во три фази, за да се избегне ново ширење на епидемијата. Со недамнешните податоци покажуваат дека Франција е на пат да го запре наглото зголемување на зараза со коронавирус. Моментално го спушти Р на 0.65. Имаат 15% позитивни од тестирани.

„Ќе има олеснување на мерките во три фази, со оглед на здравствената состојба и ризиците поврзани со некои компании: првата фаза околу 1 декември, потоа пред празниците кон крајот на годината, а потоа и од 1 јануари 2021 година“, изјави портпаролот Габриел Атал.

Oлеснителни мерки ќе има и во Велика Британија. Спортските сали и продавниците се очекува да можат повторно да се отворат. Полицискиот час за угостителската индустрија ќе биде олеснет – последните нарачки сепак ќе бидат во 22 часот. Во области каде што има поголем број на инфицирани од КОВИД-19 таму пабовите и рестораните ќе работат со ограничено време.

ЗАГЛАВЕНО МАКЕДОНСКО ЗДРАВСТВО

Додека мерките во другите земји се олеснуваат, во Македонија мерки се уште нема, граѓаните останаа сами на себе да се чуваат, а министерот за здравство Венко Филипче заедно со Комисијата за заразни болести тврдат дека нема потреба од регистративни мерки иако бројот на инфицирани е секој ден скоро четирицифрена бројка.

Опозицијата секој ден нагласува и алармира дека се потребни мерки час поскоро со цел да се помогне на граѓаните но и на здравствениот персонал кој што е пред колапс.

Докторот Игор Николов предлага државата да побара меѓународна помош од инфектолози и епидемиолози од земји кои што успешно се справуваат со епидемијата, но исто така вели дека се потребни јасни протоколи на лекување кои што ќе бидат достапни на сите лекари кои работат со ковид пациентите.

„Бидејќи расте бројот на активни случаи, налага да имаме јасни, и кристално чисти протоколи кои што ќе бидат достапни за секој лекар кој што е вклучен во борбата со ковидот. Протоколите на третман, многу ќе ја олеснат состојбата и логистички многу ќе го подобрат третманот на пациенти. Исто така, важни се правилните насоки на движење на пациентите, заради тоа што насоките и зоните на движење на пациентите треба да бидат дефинирани во сите оние институции кои што се во борбата со КОВИД-от. И на крај ќе кажам, мора да и погледнеме на реалноста во очи. Нас ни треба, најверојатно, меѓународна помош, со цел да ги подобриме перфомансите за лекување на пациентите“, рече Николов за телевизија 24 пред неколку дена.

 

Најнови вести

Коронавирус