среда, 15. јули 2020. Вести денес: 49
home Вести

Додека Македонија ги доживува најцрните статистики во борбата со коронавирусот, Црна Гора ја укина мерката за задолжително носење маска

Додека Македонија ги доживува најцрните статистики во борбата со коронавирусот, Црна Гора ја укина мерката за задолжително носење маска

Додека Македонија ги доживува најцрните статистики во борбата со коронавирусот, Црна Гора ја укина мерката за задолжително носење маска, а останатите соседи и речиси и успешно се изборија со корона вирусот.

Имено, националното координативно тело за инфективни болести на Црна Гора денеска одлучи да ја укине мерката за задолжително носење на маска. Ваквата одлука следи после препораката на тамошниот Институтот за јавно здравје.

-Задолжителнотото носење на маска ќе биде само за медицинските работници во јавниот и приватниот сектор, во социјалните институции за социјална заштита и во објектите за згрижување на деца. Маските исто така се задолжителни за вработените како и за патниците на јавниот превоз, објавија од црногорската влада.

Од друга страна пак, Македонија ги доживува најцрните статистики во борбата со коронавирусот. Имено, додека кај нас бројот на заразени и починати од коронавирус во последните денови е на рекордно ниво, речиси целиот регион се успешно се избори со болеста, а само кај нас го живееме вториот бран на коронавирусот.

Останува нејасно е, дали надлежните во Македонија добро ја изменаџирале состојбата или цело време си терале пи-ар и политика…