сабота, 6. март 2021. Вести денес: 35
home Вести

Додека луѓе умираат Шекеринска набавува млечни чоколади за 15 милиони денари

Додека луѓе умираат Шекеринска набавува млечни чоколади за 15 милиони денари

Македонскиот народ живее во страв и неизвесност. На свој грб ја чувствува здравствената криза со коронавирусот, но и големата економска криза која ја зафати Македонија. Најголем дел од народот живее во сиромаштија и едвај скрпува крај со крај. Нема термини за тестови, па граѓаните се во страв и за своето здравје секојдневно соочувајќи се со фрапантните бројки на заразени и починати.

Ама на министерката за одбрана Радмила Шекеринска и дојде до купување на чоколади. И тоа не било какви чоколади, туку од 15 милиони денари.

Имено, на 03.11.2020 е објавен оглас за јавна набавка:

Предмет на договорот за јавна набавка е: Чоколадо млечно за потребите на Армијата.

Проценета вредност без ДДВ: 12.304.762,00

Набавката со вклучен ДДВ ќе чини 14,8 милиони денари!

Додека луѓе умираат, молат за лечење и тестирање, немаат пари ниту за леб, Шекеринска како приоритет за набавка која ја врши Министерството за одбрана има чоколади од 15 милиони денари!

 

Коронавирус