среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 1
home Вести

„Додека луѓе умираат и државата не може да излезе од состојби на епидемии Филипче во работно време оди по партиски митинзи на Стево Пендаровски“

„Додека луѓе умираат и државата не може да излезе од состојби на епидемии Филипче во работно време оди по партиски митинзи на Стево Пендаровски“

Додека луѓе умираат и државата не може да излезе од состојби на епидемии Филипче во работно време оди по партиски митинзи на Стево Пендаровски.
Амбулантите и болниците се пред распаѓање, Филипче наместо да се грижи за инфраструктурата во здравството, како и за вработените, тој се шета по митинзи и тера политика, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од каде додаваат:

„Додека граѓаните не можат да добијат основна здравствена услуга за парите кои редовно ги уплаќаат во државната каса, Филипче ги заборава и се грижи за кампањата на Пендаровски.“

Граѓаните очекуваат од Филипче да се грижи за здравството, работа за која зема плата од буџетот, а не да биде партиски промотор на Пендаровски.
Господине Филипче наместо по митинзи да се шетате и сликате, кажете им на граѓаните до каде е изградбата на новиот клинички центар, кој доколку продолжеше по проектот на ВМРО-ДПМНЕ сега ќе беше во напредна фаза на реализација, до каде е клиничкиот центар во Штип, зошто се уште нема бесплатно болничко лекување за сите, каде е платата од 100.000 денари за лекарите, зошто нема лекови во аптеките и уште многу работи кои се ваша обврска, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус