четврток, 17. јуни 2021. Вести денес: 1
home Вести

Додека граѓаните бараат руска вакцина, Филипче не обезбеди ниту една

Додека граѓаните бараат руска вакцина, Филипче не обезбеди ниту една

Најголем процент од граѓаните во Македонија сакаат да се вакцинираат со руската вакцина „Спутник В“ против Ковид-19. Станува збор токму за вакцина за која нема најава дека некогаш ќе пристигне во земјава, иако истата ѝ беше понудена на Македонија, како што потврди руската амбасада во земјава.

-Уште на почетокот на есента и понудивме на македонската Влада да се воспостави контакт со Рускиот фонд за директни инвестиции и да се преговара за можноста за набавка на руска вакцина. Министерот за здравство, Венко Филипче, не информираше дека лице за контакт за ова прашање ќе биде професорката Александра Грозданова, шеф на Националниот комитет за имунизација при Министерството за здравство. На професорката Грозданова и беа дадени сите потребни податоци за контакт, исто така и беше испратено писмо од претставникот на Рускиот фонд за директни инвестиции, кое, за жал, остана без одговор, рече Владимир Хрисанфов, економски советник во амбасадата на Руската Федерација во дневникот на Сител во декември месец.

Според анкетата на новинската агенција „Макфакс“, на прашањето „Која вакцина би ја избрале против Ковид-19“, третина од анкетираните граѓани се определиле за руската вакцина, но голем е процентот (29,3%) и на оние кои изјавиле дека не би избрале ниту една вакцина и дека нема да се вакцинираат.

А, околу петнаесет проценти од анкетираните граѓани се изјасниле дека би се вакцинирале со кинеската вакцина „Синофарм“, за која министерот за здравство Венко Филипче најави дека со 200.000 дози месецов ќе стартува масовното вакцинирање во земјава.

Во Македонија се доцни со вакцините, додека во регионот граѓаните масовно се вакцинираат и си бираат со која вакцина. Дали во Македонија Филипче ќе им овозможи на граѓаните да се вакцинираат со која сакаат вакцина.

Граѓаните околу ова прашање се песимисти, како што се песимисти и дека вакцинирањето против Ковид-19 ќе започне. Бидејќи министерот за здравство од октомври месец ветува дека ќе започне имунизацијата, а вакцините никаде ги нема.

-На дневно ниво, од вакцината на „Синофарм“ и со работа на пунктовите во полн капацитет очекувам да вакцинираме од 2.000 до 2.500 граѓани. За секој граѓанин кој ќе ја прими првата доза, веднаш ќе биде резервирана и втората што треба да ја прими по 21 ден, што значи дека од првата пратка имаме две дози за вакцина и ревакцина за 100.000 лица. Записот за спроведена вакцинација станува дел и од електронското здравствено досие на пациентот. По примерот на сите земји, вакцинираните граѓани ќе добијат соодветен сертификат за примена вакцина, но деталите за сертификатот ќе бидат дефинирани во следните денови, рече Филипче на прес конференција пред два дена.

ЕУРО 2020

Македонија