среда, 2. декември 2020. Вести денес: 153
home Вести

Додека Филипче во емисија тврди како пациентите се со лесна слика, еден пациент почина по пат накај болница

Додека Филипче во емисија тврди како пациентите се со лесна слика, еден пациент почина по пат накај болница

Вечерва додека министерот за здравство, Венко Филипче гостуваше на „Топ Тема“ и тврдеше како пациентите заболени од коронавирусот во Македонија се со лесна слика, стигна вест како еден пациент на 45 години патувајќи накај болницата „8-ми Септември“ починал од истиот вирус.

-Оној добриот дел од приказната да кажеме е што огромен број од пациенти имаат многу лесна клиничка слика. Огромен процент близу 60-70% имаат лесен тек на болеста и поминува како горно респираторна болест, како настинка, како обичен сезонски грип, едно средна тешка форма која апсолутно може да има излекување, појасни Филипче.

Според дополнителната информација од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), 45-годишен пациент од Скопје, тестиран и потврден позитивен на Ковид-19 преку Ветеринарен факултет, починал на пат кон болницата „8-ми Септември“, соопшти владината прес-служба.

Коронавирус