недела, 9. август 2020. Вести денес: 0
home Вести

Додека Филипче тера партиски ПР, во Македонија близу 7.000 заболени од коронавирус

Додека Филипче тера партиски ПР, во Македонија близу 7.000 заболени од коронавирус

Бројот на заразени со КОВИД-19 вчера се зголеми за 147, а со тоа вкупниот број активни случаи во земјава изнесува 3611. Новозаразените се од Скопје-64, Куманово-8, Штип-6, Прилеп-3, Тетово-16, Струга-7, Велес-5, Битола-4, Охрид-5, Гостивар-9, Струмица-1, Крива Паланка-1, Кочани-1, Пробиштип-1, Кратово-1, Свети Николе-7, Кичево-4 и Ресен-4.

И натаму скопската општина Чаир е со најголем број активни случаи – 409, следат Гази Баба со 189, Карпош – 163, Бутел – 162, Аеродром – 150, Сарај – 149 и Центар – 143.

Институтот за јавно здравје вчера регистрира и 111 оздравени пациенти од: Скопје-56, Штип-7, Тетово-36, Велес-2, Битола-3, Гостивар-1, Гевгелија-2, Струмица-1, Свети Николе-1, Ресен-2.

Починаа шест лица, тројца пациенти од Скопје, еден од Куманово, еден пациент од Штип и еден од Берово.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје на 63 години. Во ГОБ „8 септември“ починати се двајца пациенти од Скопје (59) и (63-годишен) и еден пациент од Штип на 36 годишна возраст. Во болницата во Штип е починат пациент од Берово на 69 години и во Куманово пациент на 78 годишна возраст.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата е 6932, бројката на оздравени пациенти е 2987, на починати е 334, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3611. Во Скопје има најмногу активни случаи – 1987, Тетово – 385, Куманово – 240, Охрид – 166, Штип – 158, Струга – 154.

На Инфективната клиника вкупно се хоспитализирани 84 пациенти. На кислородна поддршка се 53 пациенти и нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 37 возрасни пациенти позитивни на КОВИД-19 и пет деца позитивни и сомнителни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ вкупно хоспитализирани се 120 пациенти. На респираторна машина се шест пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 36, а во болницата во Штип се хоспитализирани 42 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп и Гостивар се хоспитализирани 95 пациенти – позитивни и сомнителни на КОВИД-19.

Коронавирус