четврток, 29. октомври 2020. Вести денес: 132
Во живо

Народот против загадувањето на воздухот, протести организирани од ВМРО-ДПМНЕ во 19 часот

home Вести

Доцнат ли стипендиите за студентите со намера да се злоупотребат во изборни цели?

Доцнат ли стипендиите за студентите со намера да се злоупотребат во изборни цели?

Одговорност, итност и висока професионалност се клучни за правилно функционирање на институциите. Ова особено е потребно во случаи на криза кога брзината и квалитетот на услугите се неопходни и неминовни, обвинува Христина Серафимовска од ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение следува интегрален текст од нејзината прес-конференција

За жал мораме да констатираме дека оваа Влада потфрли по повеќе основи токму во делот на професионалноста и одговорното работење.

Како последица на тоа денес имаме доцнење на исплатата на стипендиите на студентите во моменти кога им се најпотребни. Од непознати причини доцни исплатата за последните месеци на оние студенти кои со ова право се стекнале во претходните години, но доцни и исплатата на стотици нови стипендисти.

Дали во прашање е селективен однос при исплата на средствата и водење на политика во моменти на криза, или пак доцнењето е заради грешки во работењето на администрацијата?

Изгубени, па најдени договори?

Слична е состојбата и со ветените ваучери кои беа строго наменети за покривање на трошоците за партиципација за студирање, сместување во студентските и ученичките домови и купување на домашни производи и услуги.

До овој момент нема информација кога може да се очекува исплата. Интересно е што со оваа мерка Владата заборави да ги опфати студентите од приватните универзитети, како тие да се дел од некое друго општество во кое нема криза.

Потсетуваме дека на универзитетите во тек е заверката на семестар кога студентите треба да ги подмират трошоците за студирање за оваа студиска година и овие средства им се повеќе од неопходни!

Бидејќи оваа Влада инсистира на одржување избори на 5 јули останува отворено прашањето дали во ваквите проекции студентите свесно планираат да ги остават без ветените средства или истите намерно доцнат за да се злоупотребат во изборни цели?

Македонија повеќе не може да трпи компромиси со криминал и корупција, како што прават СДСМ и Зоран Заев.

ВМРО-ДПМНЕ е различно, се води од етички норми и не прави компромиси со криминалот.

Со СДСМ и Зоран Заев Македонија тоне во сиромаштија, хибриден режим, корупција и криминал. И на тоа му се гледа крајот!

Коронавирус