четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 193
home Вести

Доц. Д-р Спасеновски: Референдумското прашање мора да биде јасно и недвосмислено

Доц. Д-р Спасеновски: Референдумското прашање мора да биде јасно и недвосмислено

Дали јасните позиции на опозицијата за недвосмислено референдумско прашање, го урнаа однапред планираното сценарио на власта за евентуална манипулиција со граганите со вметнување на НАТО и ЕУ заедно со прашањето за Преспанскиот договор?

Правниците јасни, велат барањето на ВМРО-ДПМНЕ за прашањето за изјаснување на референдумот да биде концизно и стрикно за договорот со Грција е правилниот и законски избор со кој треба да се справи владејачкото мнозинство, кои на голема врата го туркаат Договорот од Нивици споен со влезот на Македонија во ЕУ и Алијансата.

Александар Спасеновски од Правниот факултет во Скопје, за Алфа Телевизија вели дека многу е важно прашањето на референдумот да биде јасно и има изјаснување за само едно прањаше како што е одредено и во Уставот.

Спасеновски вели во вакви сензитивни времниња за Македонија, мора референдумското изјаснување да биде според законите и прописите, за да нема никаква отворена можност за спорење на легитимноста на истиот.

И универзитетскиот професор Александар Климовски посочува дека референдумското прашање не треба да се поврзува со членувањето на државата во НАТО, појаснувајќи дека Собранието на Република Македонија на 23.12.2013 година донела одлука за стапување во Алијансата.

-Поврзувањето на прашањето во врска со членство во одредени организации како што е НАТО и Европска унија не доаѓа предвид преку прифаќањето или спротивставувањето на Договорот со Грција. Така што, прашањето мора да биде поврзано со тоа дали сте за или сте против прифаќање на Договорот со Грција. Ние, намерата како држава да одиме во тој правец сме ја детерминирале уште пред 25 години. Нема што сега да се одлучуваме дали сме „за“ или „против“ НАТО. Меѓутоа, овде референдумското прашање е скриктно и прецизно за Договорот со Грција, истакна Климовски.

Останува отворено прашањето дали неспоменувањето на референдумот на прес конференцијата на премиерот Заев по завршувањето на лидерската средба е јасен сигнал дека опозицијата со овој чин удира директно по намерата на Власта да ги искористи ЕУ и НАТО во протнувањето на Преспанскиот договор, иако десетина експерти по уставно и меѓународно право веќе се изјаснија дека тоа е недозволиво и е класична манипулација на граѓаните…

Најнови вести

Коронавирус