петок, 15. ноември 2019. Вести денес: 0
home Вести

Доаѓаат грмежи и пороен дожд- еве какво време не` очекува од утре

Доаѓаат грмежи и пороен дожд- еве какво време не` очекува од утре

Утре не` очекува сончево време со мала до умерена локална облачност. Попладне на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде помеѓу 8 и 18, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени. УВ индексот ќе биде 7.

Во Скопје претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Температурата ќе се движи од 14 до 30 степени.

Од утре попладне и во наредните денови нашето подрачје ќе биде под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса која ќе услови локален дожд и грмежи.

Во сабота на места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пороен дожд, засилен ветер и услови за појава на град.