понеделник, 21. јуни 2021. Вести денес: 28
home Вести

Доаѓа невреме: Вечерва ќе има обилни врнежи, а еве какво ќе биде времето утре

Доаѓа невреме: Вечерва ќе има обилни врнежи, а еве какво ќе биде времето утре

УХМР најавува дека до крајот на денов бранот врнежи што попладнево ги зафати северозападните делови од земјата, ќе се прошири секаде. Во западните и југозападните делови се очекуваат пообилни и повремено поројни врнежи, локално над 20 литри на метар квадратен за 12 часа. На планините на северозапад ќе врне снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Според УХМР, на повисоките планини веќе врне снег, додека на повеќе места дува умерен, а на места долж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец.

Висината на снежната покривка до 16 часот е 35 сантиметри на Попова Шапка, 13 во Лазарополе и 9 во Маврови Анови.

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд со послаб интензитет, на планините во западните делови со повремен снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.

Во Скопје променливо облачно со слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне 13 степени.

Во вторник ќе преовладува облачно време, на места со слаби врнежи од дожд. Од среда следува период на стабилно време со натпросечни дневни температури и со услови за магла по одделни котлини. (МИА)

ЕУРО 2020

Македонија