петок, 17. септември 2021. Вести денес: 7
home Вести

ДОАЃА НЕВРЕМЕ: Пороен дожд, грмежи и силен ветер

ДОАЃА НЕВРЕМЕ: Пороен дожд, грмежи и силен ветер

Времето во земјава ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, на места ќе бидат пообилни (20 до 30 л/м2), локално во форма на невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер (над 80 км/час).

Утринската температура ќе се движи од 3 до 10 степени, а дневната од 5 до 17 степени.

Во Скопје облачно со повремени врнежи од дожд и повремено засилен ветер претежно од југоисточен правец.  Утринската температура ќе се спушти до 9, а дневната ќе достигне до 13 степени.

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со повремени врнежи од дожд.

Најнови вести

Коронавирус