сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

ДОАЃА ДОЖД: Какво време не` очекува до сабота?

ДОАЃА ДОЖД: Какво време не` очекува до сабота?

Во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. На места ќе биде нестабилно со поинтензивни врнежи и ретки грмежи.

Времето утре ќе биде променливо облачно. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, претежно во западните делови. Ќе дува и слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Во четврток ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. На места ќе биде нестабилно со поинтензивни врнежи и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Во петок и сабота времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Најнови вести

Коронавирус