недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 82
home Вести

До вторник сончево, од среда заладување

До вторник сончево, од среда заладување

Времето утре ќе биде сончево, утрото свежо, а во текот на денот топло со слаб ветер претежно од источен правец, информира УХМР.

Минималната температура ќе се спушти меѓу 0 и 7, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени.

Во Скопје ќе биде сончево. Температурата ќе се двжи од 5 до 26 степени.

До вторник ќе се задржи сончево време со натпросечни дневни температури за овој период од годината. Промена на временската состојба со наоблачување и намалување на дневната температура се очекува од среда.

Коронавирус