четврток, 5. август 2021. Вести денес: 85
home Вести

До вторник пороен дожд и грмежи- од вторник над 30 степени

До вторник пороен дожд и грмежи- од вторник над 30 степени

Времето околу пладне и попладне на места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на град. Максималната температура ќе се движи од 24 до 34 степени, а УВ индексот е 7, информира УХМР.

Во Скопје е променливо облачно, а попладне се очекува да биде нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Tемпературата ќе достигне 31 степен, релативната влажност 77 проценти, а ветерот пет метри во секунда.

Според УХМР, во следните два дена во попладневните часови ќе има појава на нестабилност со
краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално и во форма на невреме.

Од вторник следува стабилизирање на времето со дневни температури кои насекаде ќе бидат над 30 степени.

Коронавирус