четврток, 5. август 2021. Вести денес: 97
home Вести

До вчера 255.808 граѓани се вакцинирале против коронавирус

До вчера 255.808 граѓани се вакцинирале против коронавирус
МИА

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 448.502 граѓани. 

На вакциналните пунктови во Македонија заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 255.808 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 1.477 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 11.431 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 442.928 дози вакцини, а ревакцинирани се 187.120 граѓани.  

Со последните бројки 48 % од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина,  42 % од населението над 65 години е вакцинирано  со барем една доза вакцина и 35 % од населението над 60 години е вакцинирано  со барем една доза вакцина.  

 –Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура. Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп.  Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат, велат од МЗ.

Коронавирус