петок, 25. септември 2020. Вести денес: 169
home Вести

До трето одделение со физичко присуство, другите ученици ќе учат од дома

До трето одделение со физичко присуство, другите ученици ќе учат од дома

Комисијата за заразни болести предложи учениците од прво, второ и трето одделение од 1 септември да се вратат во училишните клупи. Другите генерации да продолжат со онлајн настава.

Министерот за образование, Арбр Адеми, во врска со предлогот на Комисијата вели дека училиштата каде има мал број на ученици, таму наставата може да се одвива со физичко присуство почитувајќи ги мерките за заштита од Ковид-19.

Овој предлог треба да добие зелено светло од Владата.

Според Адеми, било каква одлука да се донесе, потребно е да се направат законски измени, затоа потребно е и да имаме функционално собрание. Што се однесува до градинките, од Комисијата за заразни болести велат дека ќе се дискутира следната недела.

-Се истакнува – наставата да се одвива од дистанца, онлајн, со две исклучоци. Првиот исклучок е од прво до трето одделение ќе биде потребно физичкото присуство во наставниот процес. Вториот исклучок, важно е да се истакне, во тие училишта каде има мал број на ученици и каде можат да се почитуваат протоколите за физичка дистанца и може да се организира наставниот процес, со што да не се загрозува здравјето, таму ќе се организира наставниот процес со физичка дистанца, вели Арбр Адеми за ТВ21.

Коронавирус