понеделник, 25. октомври 2021. Вести денес: 192
home Вести

До половина час задржување на Табановце, умерен сообраќај на патиштата

До половина час задржување на Табановце, умерен сообраќај на патиштата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. На граничниот премин Табановце се чека 15 – 30 минути, додека на останатите премини задржувањето е минимално.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Најнови вести

Локални избори 2021