четврток, 21. октомври 2021. Вести денес: 39
home Вести

До петок топло време, во сабота станува нестабилно

До петок топло време, во сабота станува нестабилно

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 14, а максималната ќе достигне од 26 до 35 степени.

Во Скопје, претежно сончево и топло слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне 32 степени.

До петок ќе се задржи стабилно и топло време. Во сабота ќе има појава на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Од недела температурите ќе бидат во постепено опаѓање.

Локални избори 2021