понеделник, 27. март 2023. Вести денес: 108
home Вести

До петок облаци и дожд- викендов пресврт во времето

До петок облаци и дожд- викендов пресврт во времето

Временската прогноза за Македонија денес предвидува променливо облачно време со локален дожд и услови за ретки грмежи, претежно во планинските региони. Ќе дува умерен северен ветер, кој краткотрајно на север ќе се засилува.

Дневните температури ќе се движат од 14 Целзиусови степени во Маврово, 18 во Охрид, 19 во Берово до 23 степени во Скопје, Кавадарци 24 и Дојран 26 степени.

И утре и задутре времето ќе биде променливо облачно со повремен дожд и ретки грмежи и дневни температури од 16 до 25 степени.

В сабота времето ќе биде сончево, со мала умерена облачност во јужните делови и температури од 17 до 24 степени.

loading...