недела, 21. јули 2019. Вести денес: 63
home Вести

До петок нестабилно време со пороен дожд, еве какво време не’ очекува за викендот

До петок нестабилно време со пороен дожд, еве какво време не’ очекува за викендот

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно, попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд и грмежи, претежно во планинските региони. Ќе дува умерен северен ветер.

Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, утринската температура ќе се движи од 14 до 23, а дневната темпуратура од 24 до 36 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Утринската температура ќе достигне до 22, а дневната температура до 33 степени.

До петок ќе се задржи променливо облачно, на места, а особено на планините, со пороен дожд и грмежи. Поинтензивни и почести врнежи од дожд ќе има во четврток и петок. За време не викендот се очекува постабилно и се потопло време.