сабота, 20. јули 2019. Вести денес: 52
home Вести

До крајот на неделата ни доаѓа уште едно невреме- за време на викендот подгответе се за вистински пекол и највисока температура досега

До крајот на неделата ни доаѓа уште едно невреме- за време на викендот подгответе се за вистински пекол и највисока температура досега

Времето утре претпладне сончево со мала до умерена облачност, од пладневните часови облачноста ќе се зголеми и ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на невреме со пообилни врнежи, силен ветер и појава на град.

Во четврток времето претпладне ќе биде со мала до умерена облачност, попладне и особено на западот облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, понекаде и во вид на невреме.

Во петок времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне особено во планинските региони со појава на краткотрајна нестабилност.

За време на викендот не очекува вистински пекол, особено во првиот ден од викендот.

Во сабота времето ќе биде сончево и доста топло, со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер.

Максималната температура се очекува да достигне 37 степени.