понеделник, 14. јуни 2021. Вести денес: 0
home Вести

До кога е забрането правење на свадби во Македонија?

До кога е забрането правење на свадби во Македонија?

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи ја отфрла можноста во овој момент да се дозволи организирање свадби во Македонија и порачува дека актуелните протоколи за работа на угостителските објекти важат до 15 мај, кога ќе се ревидираат согласно препораките од Комисијата за здравство.

Тоа значи дека до 15-ти мај свадбите се забранети, а наскоро ќе се дознае дали оваа забрана ќе продолжи или ќе се укине.

-Во овој момент очите се свртени кон Комисијата за здравство и тоа ни е единствената точка според која ги носиме економските одлуки. Со последната одлука на Владата им дозволивме на угостителските објекти кои се категоризирани за организирање настани да работат под истите услови како што работат и сите други угостителски објекти, а тоа е да работат на отворени тераси и според протоколите. Вчера зборувавме за евентуално дополнително прилагодување на протоколите за работа на оваа категорија на угостители, рече Битиќи.

Се надевам, додаде, дека здравствената криза полека ќе спласне и ќе се намали притисокот кај здравствените работници и дури тогаш ќе може да зборуваме дали полека ќе се вратиме во нормалност.

ЕУРО 2020

Македонија