недела, 11. април 2021. Вести денес: 0
home Вести

До денеска 2860 здравствени работници ја примиле вакцината против коронавирусот – еве колку граѓани се пријавиле

До денеска 2860 здравствени работници ја примиле вакцината против коронавирусот – еве колку граѓани се пријавиле

Вакцина против Ковид-19 заклучно со денеска примиле 2.860 здравствени работници, информираа за МИА од Министерството за здравство.

Имунизацијата се одвива во модуларната болница при Инфективната клиника во Скопје, а се врши со вакцини од производителот „Фајзер“ кои државава го доби како донација од Србија.

За вакцинација преку веб-страницата „vakcinacija.mk“ досега се пријавиле 72.400 граѓани, а 46.810 преку матичен лекар, посочија од Министерството за здравство. (МИА)

Коронавирус