понеделник, 5. декември 2022. Вести денес: 34
home Вести

До четврток стабилно и суво време, викендот врнежи од дожд и снег во западните делови од земјата

До четврток стабилно и суво време, викендот врнежи од дожд и снег во западните делови од земјата
илустрација

До четврток ќе се задржи стабилно и суво време по котлините со појава на магла и значителна ниска облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Од петок до недела, под влијание на влажен бран ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, а на планините со снег.

Поради продор на студена воздушна маса од север, в сабота кон крајот на денот висинската граница на снежните врнежи ќе се спушти и под 1000 метри, па снег ќе има и во повисоките населени места, особено во западните делови од земјава. (МИА)

Коронавирус