вторник, 19. октомври 2021. Вести денес: 169
home Вести

До 13 часот гласале 284.942 гласачи, што е 20,45% од вкупниот број на запишани избирачи

До 13 часот гласале 284.942 гласачи, што е 20,45% од вкупниот број на запишани избирачи

На сите гласачки места од 7 часот гласањето тече непрекинато и без проблеми. Само во едно гласачко место во Студеничани не се гласа, информираат од ДИК.

До 13 часот, од процесуирани 75,57% од гласачките места, информациите се  следниве:

На гласање излегле 284.942 гласачи, што е 20,45% од вкупниот број на запишани избирачи.

Најголема е излезноста во Прилеп 35,2%, Новаци 33,12%, Свети Николе 31,10%, Неготино 29,02%, Прибиштип 30,62%.

Граѓаните најмалку гласале во Липково 5,43%, Желино 6,62%, Врапчиште 7,5%.

На 3.480 избирачки места во републикавана на шестите претседателски и предвремените локални избори за градоначалник на Охрид, Дебар и Ново Село можат да гласаат 1.808.131 граѓанин запишани во избирачкиот список.

Најнови вести

Локални избори 2021