среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 0
home Вести

„ДНО“: Директорот на македонската опера и балет ќе ги казнува вработените доколку хранат мачки, а хонорарците ќе ги брка! (ФОТО)

„ДНО“: Директорот на македонската опера и балет ќе ги казнува вработените доколку хранат мачки, а хонорарците ќе ги брка! (ФОТО)

Оперскиот пејач Игор Дурловски на својот Фејсбук профил сподели соопштение кое било поставено пред службениот влез на Македонската опера и балет (по ново Национална опера и балет).

Во него стои дека доколку вработените во НОБ и хонорарците хранат мачки кои што шетаат низ објектот ќе бидат казнети.

Вработените ќе бидат дисциплински казнети, додека за хонорарците ќе се преиспитува дали е неопходно од нивниот натамошен ангажман во институцијата.

Сето ова преку соопштение го наредил директорот Васо Ристов.