сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 0
home Вести

ДКСК повикува да се почитуваат законските забрани во пресрет на Локалните избори 2021

ДКСК повикува да се почитуваат законските забрани во пресрет на Локалните избори 2021

Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) ќе го следи целиот изборен процес и во случаите со основи за сомневања за прекршување на законите, ќе презема мерки за утврдување на таквите сомневања, ќе ги извести надлежните органи и ќе побара преземање активности во рамки на нивните надлежности.

Ова на денешната прес-конференција го изјави претседателката на ДКСК Билјана Ивановска, информирајќи за активностите на Антикорупциска во врска со Локалните избори 2021 година.

Како што информира Катица Николовска од ДКСК, говорејќи за активностите на Комисијата во однос на целиот изборен процес за претстојните Локални избори 2021, во изминатата недела во Комисијата се примени 60 барања за мислења од институции, за што, според неа, постои правна несигурност во однос на одлучувањето во самите институции и бараат согласност од ДКСК.

Николовска на прес-конференција беше децидна дека ДКСК нема надлежност да дава мислења по овие предмети.

– Во делот на вработувањата се најголем дел од овие барања односно дали смеат да вработуваат итн… Во делот на измените во Изборниот законик предвидено е дека вработувања може да се вржшат само во дело на неодложни и итни случаи, освен за потребите на воспитно образовниот процес, појаснуваше Николовска.

Од ДКСК повикаа секој да си ги носи одлуките во рамки на законските одлуки.

И претседателката на ДКСК, Ивановска истакна дека Антикорупциска нема да дава мислење односно согласности по барањата доставени од институциите, а кои се однесуваат на вршење активности претходно опфатени со забраните. Донесените одлуки, рече таа, за работењето на институциите за време на изборниот пеоцес, се одговорност на нивните раководни лица.

Според Ивановска, самата постапка на објавување огласи за вработување непосредно пред започнување на изборниот процес, не е во ред иако законски не е забрането.

– Ние сметаме дека тие не се во духот на доброто управуавње и дотолку повеќе што веднаш треба да се стават во мирување. Со самото објавување ги ставаат во заложничка позиција оние што очекуваат да бидат вработени и тоа може да го користат како класичен клиентелизам односно обезбедување гласови, рече Ивановска, одговарајќи на новинарско прашање.

Во однос на земјоделските субвенции, Ивановска потенцира дека субвенциите се редовна исплата, што се прави секоја година по Програма донесена од Агенцијата за финансирање на земјоделството и руралнито развој. Но, како ќе се исплатат и на кои луѓе, подвлече таа, има критериуми и цела програма и селекцијата ја прави Агенцијата.

Според неа, перцепцијата е дека се изнаоѓаат разни начини за да се заобиколат законските забрани кои се однесуваат на изборите.

– Порано немаше забрани, а произлегле од непрофесионално и несоодветно постапвуање на претходните гарнитури и се договориле дека ќе има правила на игра. Секоја година гледаме дека овие правила на игра се сака да се заобиколат, незнам зошто, тогаш нека ги укинат и секој нека работи по своја совест, изјави меѓу другото претседателката на ДКСК.

Николовска информира дека и оваа година ќе соработуват со Меѓународната фондација за следење на изборните политички системи. Ќе се обезбеди поддршка со лица кои ќе бидат вклучени во следењето на изборните активнсти на учесниците во овие локални избори и во име на ДКСК ќе обезбедуваат податоци и информации во однос на начинот и видот на рекламирање и друго.

За таа цел на веб страницата на ДКСК е објавен повика за пријавување на 50 набљудувачи за речиси сите општини и тоа по еден за поголеми општини, а за помалите општини предвидено е еден набљудувач за две до три општини зависно од нивната големина и локација.

Прв пат оваа година, информира Николовска, е објавен повик за пет аналитичари чија надлежност ќе биде анализа на податоци и информации од финансиски извештаи, како и анализа на податоците што набљудувачите ќе ги приберат од терен и ќе ги достават до ДКСК.

ДКСК го обновува регистар на возила на државни органи, локална самоуправа, јавни претпријатија, како ефективна алатка во контролата на користтењето на службените возила за партиски цели и потреби на изборни кампањи. Регистарот, нагласи Николовска е објавен на веб страницата на ДКСК и упатен е повик до сите државни органи да извршат ажурирарње на податоците за новонабавени, оттуѓени во меѓувреме и на друг начин обезбедни возила за користење.

– На нашата веб страница е објавен и образец за пријавување неправилности или за сомневање за незаконско користење на државните ресурси во делот на изборната кампања, изјави Николовска и ги повика граѓаните да ги користат овие алатки без да се плашат дека ќе бидат обелоденети нивните податоци или некој ќе може да врши притисок врз нив.

Таа потенцира дека и оваа година ДКСК ќе обезбеди пристап до бази на податоци на други институции каде ќе може да врши паралелна проверка на податоците што учесниците во локалните избори преку своите финансиски извештаи и преку извештаите за обезбедени донации ќе може да се контролираат преку другите бази на податоци со цел да се утврди дали донациите се законски обезбедени.

На прес-конференцијата од ДКСК потсетуваат на обврската да се почитуваат и применуваат одредбите на членовите од Изборниот законик, како и членот 34 од Законот за спречување корупција и судир на интереси, што се однесуваат на ограничување и забрани одредени активности во изборниот период.

Претседателката на ДКСК, потсети дека од денот на донесување на одлуката за распишување на изборите до завршување на локалните изборите односно до конституирање на Советите на општините и Градот Скопје, не може да се започне изградба со средства од Буџет или од јавни фондови или со средства на јавни претпријатија и други правни лица кои располагаат со државен капитал, на нови објекти во инфраструктурата или објекти за општествени дејсноти, освен ако за таа намена претходно се обезбедени средства од буџетот односно се работи за реализација на програма донесена врз основа на закон во тековната година.

– Институциите не смеат да вршат исплата на плати, пензии, социјална помош и други исплати и материјални надоместоци од буџетски срдства, кои не се редовни месечни исплати односно забрането е да се врши исплати на едногодишни трансфери и исплати на еднократни трансфери од буџетските средства или од средствата на јавните фондови, ниту да се оттуѓува државен имот и капитал и да се потпишуваат колективни договори. Не смее да се започне постапка за вработување нови лица, или постапка за престанок на работен однос во државни и јавни институции, а започнатите постапки се ставаат во мирување, освен во случаи на неодложни работи, изјави Ивановска.

Забрането е во период од 20 дена пред започнување на изборната кампања, па до завршување на изборите, да се одржуваат јавни настани по повод започнување изградба или пуштање во употреба објекти изградени од буџетски средства, како што се патишта, далноводи, водоводи, канализација, спортски игралишта, училишта, градинки….

Под забрана не се подразбира давање изјава од носител на јавна функција или кандидат за јавна функција, на митинг, интервју, дебата на медиум или како одговор на медиумско прашање.

За потребите на изборната кампања, укажуваат од ДКСК, забрането е користење канцелариски простор, опрема и службени возила.

Коронавирус