четврток, 16. септември 2021. Вести денес: 84
home Вести

ДКСК пак во офсајд: Антикорупционерите паднаа на Ѓорге Иванов и пред Кривичен

ДКСК пак во офсајд: Антикорупционерите паднаа на Ѓорге Иванов и пред Кривичен

Државната комисија за спречување корупција самата се најде во незавидна ситуација. Наместо да ги исполни очекувањата на целата јавност во борбата против корупцијата, досегашната нејзина работа паѓа на елементарни работи пред судството. Настрана тоа што според судско образложение си презема улога на „преки суд“ од времето на 1945 година, без право на никаква жалба пред надлежни судски органи, на површина излегува дека не само Управниот, туку и Кривичниот суд, што ќе рече целото судство во државата, им укажува дека нивните одлуки правно „висат“. Ова, пак, го доведува во прашање и знаењето и професионалноста на антикорупционерите! Посебно судското укажување дека не си го знаат ни сопствениот закон по кој треба да работат!

По паѓањето на предметот поврзан со еден проректор на еден од универзитетите, минатиот месец антикорупционерите го изгубиле и кривичниот предмет против поранешниот претседател на државата Ѓорге Иванов.

Основниот Кривичен суд Скопје го отфрлило барањето на ДКСК за поведување прекршочна постапка за прекршок казнив според Изборниот законик.

За потсетување, антикорупционерите свесно или несвесно минатата година направија „превид“, па покренаа постапка против Иванов заради назначувањата и именувањата во АРМ по објавувањето на претседателските избори, иако за прекршување на било кој закон, па и на Изборниот законик, Претседателот на државата како уставна категорија подлежи на уставна, а не на управна постапка.

Кривичниот суд уште во септември минатата година побарал од антикорупционерите да достават оригинални докази, што треба да бидат основа за покренување на прекршочната одговорност на поранешниот претседател. Но, за речиси цела година тие не успеале да обезбедат докази, што требало да дојдат од АРМ, односно Министерството за одбрана. Со оглед дека такви докази немало, Кривичниот суд им удрил нова „заушка“.

Да биде иронијата поголема, антикорупционерите решението на Кривичен не го ни обжалиле, туку одлучиле да го стават во фиока и да го сокријат од јавноста.

Најнови вести

Коронавирус