петок, 13. декември 2019. Вести денес: 116
home Вести

ДКСК едногласно ги прогласи за неосновани обвинувањата за злоупотреба на функцијата на Христијан Мицкоски

ДКСК едногласно ги прогласи за неосновани обвинувањата за злоупотреба на функцијата на Христијан Мицкоски

Државната комисија за спречување на корупција едногласно одлучи да биде прекината постапката против Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

ДКСК овој предмет го отвори по сопствена иницијатива по изјавите во медиумите во однос на доделувањето на мали хидроцентрали како и на наводи во однос на средствата со кои управувале хидроцентралите.

Прашањето на ДКСК беше дали Христијан Мицкоски како советник на влада и управен одбор на ЕЛЕМ имал акти да влијае на донесувањето на одлуки?

Одлуката е објавена во јануари 2014 година, а донесена е во август 2015 година. Во периодот на одлуката Мицкоски не се јавува како учесник за да има влијание. Тој како советник бил назначен во април 2015-та, а во август сето ова било завршено и со тоа тој не бил член на советот за да влијае на донесувањето одлуки.

На седницата беше предложено постапката против Мицкоски да биде прекината при што едногласно беше изгласана одлука да се прекине постапката против Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.