понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Дивоградбата на Нефи е раат, затоа што Заев е кабает

Дивоградбата на Нефи е раат, затоа што Заев е кабает

Самоволниците со дивоградбите се чуствуваат политички заштитени, а за своите дејанија се правдаат со дивоградби кои ги аминува Зоран Заев или ги аминувал во минатото.

Охрид се соочува со опасноста да го изгуби статусот во УНЕСКО поради огромниот број дивоградби во градот.

Сепак јавноста својата критика ја насочи пред се кон објектот на советникот од редовите на ДУИ Нефи Усеини, кој нелегално изгради тераса на својата пицерија непосредно до илјадагодишниот чинар во Охридската чаршија.

За иритираноста на граѓаните да биде поголема овој чин се случи непосредно по завршувањето на конвенцијата на УНЕСКО во Баку, ден пред Охридско лето кога присуствуваше целиот државен врв, вклучително премиерот Зоран Заев и претседателот Стево Пендаровски и беше отворен лично од градоначалникот Рамиз Мерко, заеднички кандидат на ДУИ и СДСМ.

За фамозниот Усеини неофицијално се врзува најмалку уште еден нелегален објект изграден во Охрид, а тоа е бетонската база на самиот брег на езерото на влезот во Охрид. Оттука се поставува прашањето зошто толкава дрскост на нелегалните градители и толкав молк од надлежните институции на централно и локално ниво. Шпекулациите одеа во правец дека токму советникот на ДУИ во Охрид, Нефи Усеини, бил клучен за СДСМ во изминатите избори и на претседателско и на локално ниво, па затоа надлежните речиси половина година се прават слепи пред дивоградбите кои се врзуваат со неговото име.

Сепак извори од владеачкото мнозинство, кои сакаат да останат анонимни, тврдат дека причината за самоволието и дрскоста треба да ја читаме меѓу редови во изјавата на Рамиз Мерко кој пред некој ден им порача на јавноста и на централната власт да гледаат други дворови. Ова отвора нови прашања- дали дивограбата/ите на Нефи Усеини се резултат на поддршката која лично Заев на партиски настан зимава ја даде на изградбата на хотелот во Лагадин на свој близок човек.

Тераса на Нефи и хотелот во Лагадин

Според истите извори, Рамиз Мерко, но и други функционери на ДУИ биле револтирани зошто акцентот се става на Нефи Усеини или платформата на Матка, а никој не говори за слични и уште поголеми дивоградби кои се поврзани со функционери или блиски луѓе до СДСМ.

Премиерот Зоран Заев му вети на инвеститорот на хотелот во Лагадин што прекрши 12 закони дека ако треба лично ќе ја донесе Второстепената комисија и ќе го реши случајот, на трибина во Охрид.

Инвеститорот Никола Толески на трибината му кажа на Заев дека сака да го догради објектот и ако може да ја фати сезоната. За хотелот, инвеститорот кажа дека е едно „обично објектче“ за семеен бизнис со 8 соби и 9 апартмани.

Изградбата на хотелот во Лагадин прекршува вкупно 12 закони, 1 подзаконски акт и не е во согласност со Уставот на Македонија. Дополнително, Инспекторатот за животна средина потврди дека градбата се наоѓа во заштитените 50 метри од брегот на езерото во кои не се дозволени објекти од цврста градба.

Заев потврди дека разменил неколку пораки со инвеститорот и дека му дал насоки на министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

„Чичко Никола, за хотелот во Лагадин неколку пати пораки разменивме, насоки давав и на министерот, на Митко, шефот на кабинетот, и го знам проблемот. Неколку пати Транспорт и врски носи позитивна одлука, се враќа. Разговарав со покоен Јован, со секретарот на Општината, сега и со другите. Има една работа, премиерот интервенира оти правото е на ваша страна, министерот интервенира оти правото е на ваша страна. Дури и да постои правно-формален аспект во Одделението за урбанизам, не може ‘не бива’. ‘Не бива’, не може најлесно да биде ‘не’. Ќе најдат начин како да биде ‘да’. Затоа што баналноста на одговорот, дадено одобрение за градба, почнувате со градба на објектот, ви е готов и при контрола вика не сте информирале дека сте почнале со градба. Ако треба, ќе ја земам под раце Второстепената комисија и ќе дојдат тука и ќе го решиме до крај“, кажа Заев на партиската трибина.

„Хотелчето на чичко Никола“ и „Терасата на Нефи“ се шега во споредба со урбанистичките манипулации на Заев во минатото

ДУИ наводно упатиле порака дека градбите на Нефи Усеини не смеат да се чепкаат, а Заев тоа морал да го прифати, бидејќи го потсетиле за неговото работење како градоначалник на општина Струмица дека е „цар на дивоградбите“.

Впрочем, официјално со законот за легализација, најголема легализирана дивоградба беше објектот- трговскиот „Глобал“ во Струмица со што се потврди дека се работи за незаконски објект.

Втор случај за сомнителен нелегален објект беше бензиската пумпа на истите инвеститори од трговскиот Глобал. Бензиска пумпа беше стопанисувана од фирмата СДА Јавор ДООЕЛ, во сопственост на најблискиот бизнис партнер на Заеви, Горан Крстев.

„Зоран Заев издал одобрение за градба на оваа бензиска пумпа, но за ова место не постоел Детален урбанистички план. За оваа бензиска пумпа и за нејзиниот нелегален статус се изјасниле сите надлежни инстанци (Министерство за транспорт и Управен суд), при што е констатирано дека постапувањето на Општина Струмица е незаконско. Иако е така, оваа бензиска пумпа денес работи, а општина Струмица не превзема никакви мерки“, посочија на прес конференција ВМРО-ДПМНЕ во 2014 година.

Третиот веројатно и најголем скандал за дивоградби во Струмица беше случајот со комплексот Цареви Кули. Компанијата „Чам Чифлик Голд“ ДООЕЛ од Струмица, „на диво“изгради хотелски комплекс од над 600 квадратни метри, на државна парцела- пасиште, непосредно до новоизграден пат, во периодот меѓу 2011 и 2013 година, а потоа со потпис на Заев го легализира преку злоупотреба на законот за легализација на дивоградбите. Спорниот момент во целата афера е тоа дека според сателитските фотографии од алатките на Гугл за мапирање, со точно определена дата, покажуваат дека хотелскиот комплекс во март 2011 година воопшто не постоел. А законот за легализација ги опфаќа сите градби без одобрение што биле изградени пред тој да влезе во сила, односно трети март 2011 година. Овој скандал го објави неделникот „Република“ во 2016 година. За истиот, неделникот беше тужен за клевета и навреда од страна на сопствениците на Чам Чифлик Голд, но неделникот ја доби судската постапка и на Апелација. Со тоа буквално беа потврдени наводите на „Република“, но се уште обвинителството го нема расчистено целиот случај во насока на откривање на целокупниот процес на незаконско градење и неинтервенирање на општинските власти на Струмица во време на градоначалникот Заев.

Коронавирус