петок, 22. јануари 2021. Вести денес: 148
home Вести

Дивата депонија на месноста Пеленица се уште не е оградена, граѓаните изложени на токсични материи

Дивата депонија на месноста Пеленица се уште не  е оградена, граѓаните изложени на токсични материи

Во вчерашната емисија „360 степени“ се отвори тема за дивата депонија во месноста Пеленица која беше откриена пред неколку месеци, а се уште не е оградена депонијата.

Пред неколку месеци се откри постоење на дива депонија на линдан на месноста Пеленица, над Драчево каде ученици редовно одат на екскурзии. По јавно објавените сознанија од Министерството за заштита на животна средина пред Нова година ветија дека ќе го оградат и ќе го обележат просторот кај Пеленица за да се спречат влијанија врз здравјето на луѓето што ја посетуваат месноста.  И покрај ветувањата просторот кој има индиции дека крие големи количина на линдан се уште не е ограден ниту има табла со предупредување.

На електронскиот систем за јавни набавки може да се види дека Министерството за заштита на животна средина дури во петокот на 22 март кога беше и врачувањето на новинарските награди „Никола Младенов“, распишало повик за прибирање понуди за како што пишува оградување со челична конструкција, за ограничување на движење околу месноста Пеленица, Општина Кисела Вода.

Иако ветуваа пред парламентарните избори јавно пред граѓаните и во својата програма дека ќе има изградба на регионални центри за управување со отпадот, во кои најсоодветно ќе се справува со комуналниот, индустрискиот, медицинскиот и отпадот од животинско потекло. За да обезбеди соодветно и економски ефикасно работење на идните регионални центри за управување со отпадот, ќе направи законска основа за јавно-приватно партнерство во управувањето со отпадот, искористување на употребливите фракции и изработка на секундарни производи, горива и енергија. Ова подразбира и решавање на проблемот со нерегуларните и дивите депонии, кои се еден од најголемите извори на загадувачки материи.

Од ова ништо нема. Граѓаните се оставени сами на себе. Депониите не се оградуваат и не се лоцираат, децата се оставаат изложени на токсични материи, при што Министерството за заштита на животна средина молчи или се оградува со бесмислени одговори.

Коронавирус