Загрижени граѓани до редакцијата на КУРИР испратија фотографии од општина Центар кои се повеќе од загрижувачки.
Станува збор за големо ѓубре кое веќе почнува да наликува на мини депонија која се наоѓа пред центарот за деца со церебрална парализа, а истата улица води и кон рехабилитациониот центар.
Според загрижените граѓани ваквата лоша состојба е подолг период, а од фотографиите може да се забележи дека ѓубрето не е собрано веќе подолг временски период.
Инаку за сметот е задолжена општината Центар како и градоначалникот Саша Богдановиќ кој откако е дојден на позицијата градоначалник не мрдна со прст за центарци, обвинуваат тие.
loading...