сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 60
home Вести

Дискриминација од најлош можен вид: Судот е во дилема дали мерката на Владата се однесува на обвинети лица

Дискриминација од најлош можен вид: Судот е во дилема дали мерката на Владата се однесува на обвинети лица

Уште еден апсурден ден на Кривичен Суд. Иако Владата донесе одлука со која е забрането отсуство од работа на здравствените работници, за судот постои дилема дали истата одлука важи и за обвинетите за случаите на СЈО.

Еден од обвинетите во „Титаник“ иако уредно го известил Судот дека поради тоа што брачниот другар е здравствен работник и поради тоа што нема кој да му ги чува малолетните деца кои поради затворените градинки и училишта мора да седат дома, Судот е во дилема дали мерката на Владата се однесува на обвинети лица.

Ова претставува дискриминација од најлош можен вид. Згора на тоа обвинителката Стефанова грубо ја прекрши приватноста на сведоците со јавно објавување на здравствена состојба на која после хируршка интервенција и е наложено да мирува со оглед на староста и опасноста од коронавирусот.

Иако сите соседни земји ги затворија судовите поради високата фреквенција на луѓе и опасност од пренесување на коронавирусот за власта очигледно е дека е најбитно монтираните случаи да си продолжат да се одвиваат по секоја цена за да се тера ПР политика.

Иако Комисијата за заштита од заразни болести уште пред 30 дена барала судовите да престанат со работа, Заев, Спасовски, Филипче и Дескоска тоа жестоко го одбиле бидејќи таквата одлука не се вклопувала во медиа планот на СДСМ за отргнување на вниманието на јавноста од сопствените афери преку пренесување на апсурдните информации од судските рочишта со кои се замајува јавноста.

Најнови вести

Коронавирус