среда, 30. септември 2020. Вести денес: 132
home Вести

Диско супа – за подигање на свеста против фрлањето храна

Диско супа – за подигање на свеста против фрлањето храна

Под мотото „Да си ги наполниме стомаците, наместо кантите!“, Слоу фуд Млади – Македонија и  #РетвитниOброк денеска организираат настан на кој ќе се подготвува супа од храна која би завршила во корпи за отпадоци.

Млади активисти заедно со матурантите од средното угостителско училиште ќе подготвуваат супа од намирници кои ќе се обезбедат од донации од маркетите и пазарите и ќе ја делат на случајните минувачи и на бездомниците. Покрај супата, минувачите ќе имаат можност да се забавуваат во ритамот на музиката.

Станува збор за Ден на диско супа – Македонија кој се одржува по повод „Светскиот ден на диско супа“ што  се случува во преку 60 земји од светот, а ги поврзува храната, музиката и хуманоста.

– Настанот ќе ги вклучи младите во заедничка акција за подигање на свеста против фрлањето храна. На овој начин, не само што се поттикнува младинското активирање, туку и директно се покренуваат прашањата поврзани со системот на храна, велат од Слоу фуд Млади Македонија.

(Миа)

Најнови вести

Коронавирус